Програма за локален и регионален инклузивен развој и проект СиРеРа МКД

Проектот за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа) потекнува од целите на Владата за развој на сите региони во Република Македонија и со тоа обезбедување подобри услови за живот за сите граѓани.

Во ноември 2017 година Владата на Република Македонија претставувана од Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и Министерот за локална самоуправа потпишаа Меморандум за разбирање со Владата на Швајцарија. Меморандумот е со времетраење од 4 години (2017-2020) и опфаќа активности во врска со „Програмата за одржлив и инклузивен регионален регионален развој во Македонија“.

Подетално, опфатот на Меморандум за разбирање во поглед на активностите е структуиран во три компоненти насочени кон остварување на специфични цели и тоа:

  • Компонента 1: Владата алоцира и спроведување фондови за рамномерен регионален развој транспарентен и предвидлив начин согласно степенот на развој на планските региони.
  • Компонента 2: Потребите и барањата на граѓаните, вклучително и на ранливите категории граѓани, се систематски вклучени од Регионалните совети во процесот на планирање на регионалниот развој.
  • Компонента 3: Центрите за регионален развој во сите осум плански региони, посебно во помалку развиените, ја подорбуваат совјата ефективност и ефикасност.

Согласно Меморандумот за разбирање, за реализација на компонента 1 е надлежен Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, додека пак за реализација на компонента 2 и 3 е надлежно Министерството за локална самоуправа.

Во насока на спроведување на активности од компонента 1, во декември 2017 година, Владата на Република Македонија претставувана од Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори потпиша Договор за спроведување на проект во рамки на Програмата за одржлив и инклузивен регионален регионален развој во Македонија (Проектен договор). Проектниот договор е со период на времетраење соодветен со периодот на времетраење на Меморандумот за разбирање (2017-2020).

Поконкретно, во поглед на проектните активности, Проектниот договор вклучува реализација на следните планирани активности:

  • Воспоставување на ИТ-базиран систем за следење на спроведувањето на националните фондови за рамномерен регионален развој.
    • Воспоставување на единица за спроведување на проектот (ЕСП).
      • Управување со проекти - координација на ЕСП и системска интеграција.
      • Усогласување на регионалната политика со другите секторски политики.
      • Техничко управување со воспоставувањето на системот.
    •  Набавка на системски интегратор и лиценци за првата фаза на имплементација (национално ниво).
      • Набавка на софтвер и лиценци.
      • Интеграција на Системот за регионална политика.

 

  • Зголемување на транспарентноста во врска со распределбата на буџетот за регионален развој.
    • Дизајн, поставување и управување со веб-страница.
    • Подигнување на свеста преку медиуми и печатени материјали.

 

  • Зголемување на капацитетите на засегнатите страни.
    • Организирање обуки за систем администратори (ресорните министерства, центри за регионален развој, општини).
    • Анализа на резултатите од Системот и следење на мерките за понатамошно подобрување на буџетската распределба според нивото на развој на планските региони (тркалезни маси).
    • Зајакнување на Техничката група на националниот Совет за рамномерен регионален развој за подобрување на меѓуминистерската соработка.
      • Серија работилници за заедничко планирање на политиката за регионален развој вклучувајќи годишно заедничко планирање и усогласување на програмите за регионален развој и годишни работилници за споделување резултати.
      • Тематско патување за трансфер на знаење.

 

English
АКТУЕЛНОСТИ: