Средба на вицепремиерот Анѓушев со шведскиот амбасадор Стафансон – Мерките од Планот за економски раст можност за инвеститори од Шведска

21 декември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Н.Е. Матс Арне Стафансон.

Вицепремиерот ги презентираше мерките од Планот за економски раст и потенцираше дека со  мерките, Владата овозможува поддршка подеднакво за странски и домашни компании, притоа ги покани шведските компании да инвестираат во Македонија. Охрабрувачки е што симулациите кои се направени покажуваат дека со новата економска програма ќе им биде обезбедена уште подобра поддршка на странските компании кои ќе инвестираат во Република Македонија, а притоа директно ќе се влијае на создавање на одржлив и побрз економски раст на македонската економија.

Соговорниците се согласија дека мерките се значајни за поттик на економијата, како и за тоа дека за економски раст потребно е да биде обезбедно владеење на правото и стабилна политичка состојба.