Обраќање на вицепремиерот Анѓушев на меѓународна конференција ГРЕДИТ 2018

Ве информираме дека на 23 март 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на меѓународната конференција GREDIT 2018 (Green Development, Green Infrastructure, Green Technologies – Зелен развој, Зелена инфраструктура, Зелени технологии).

Свеченото отворање на конференцијата ќе се одржи во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет, а ќе започне во 09:00 часот. По поздравните обраќања и свеченото отворање на конференцијата вицепремиерот ќе биде достапен за изјава за присутните медиуми (околу 09:45 часот).

Ги покануваме претставниците на медиумите да го проследат свеченото отворање на конференцијата ГРЕДИТ 2018 и да земат изјава од вицепремиерот Анѓушев.

Friday, March 23, 2018 - 09:00