Делегација на Владата на средба со Австриската Федерална стопанска комора

26 јуни, 2018 година

Премиерот Заев е во Виена со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

- Развиваме добра економска клима, очекуваме отворање на евро-атлантските интеграции, станавме атрактивна држава за инвестиции, да ја унапредиме економската соработка, ги повика бизнисмените од Австрија, премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, посочи дека договорот со Грција го затвора билатералното прашање што стои на патот на интеграциите на Македонија, а дека земјата прави сериозни реформски чекори согласно европските стандарди што гарантира предвидливост и стабилност на бизнис климата во нашата држава.

-Ја надминавме политичката криза, ја стабилизиравме државата градејќи едно општество за сите, правиме суштински реформи за владеењето на правото и воспоставување правна држава, затоа и добивме чиста препорака од ЕУ. Сега со право за нашите напори и резултати очекуваме и датум за почеток на преговорите со ЕУ. Очекуваме и покана за НАТО. Ова за нас значи стабилност, безбедност, нови инвестиции, нови работни места, економски развој, порача премиерот Заев.

Тој изрази надеж дека бројот на австриски инвеститори во Македонија ќе се зголемува, а таков повратен охрабрувачки одговор доби и од претставниците на австриската Стопанска комора.

Австриските бизнисмени констатираа дека се отвораат можности за развој на економската соработка, по позитивните промени во Македонија. 

Австриските бизнисмени изрази го поддржаа и повикот на премиерот Заев и на вицепремиерот за економски прашања, Анѓушев, да помогнат со австриските искуства околу едукацијата со цел создавање квалификувани и конкурентни работници.

Заменик претседателот на Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев го објасни економскиот развоен план што го спроведува Владата. Тој посочи на три важни точки на коишто Владата обрнува внимание со што покажува разбирање за стопанствениците, а со тоа и за условите во кои работат работниците.

- Прво, важно е владеењето на правото и на тоа работиме, инвеститорите да се чувствуваат безбедни, второ, градиме стабилна држава низ реформите и евро-атлантските перспективи што ги отвораме и трето, економските мерки што се темелат на транспарентен и охрабрувачки пристап кон секој инвеститор. Секој да се чувствува поддржан, порача меѓу другото заменик претседателот Анѓушев. Тој ги објасни поволностите за инвестирање во слободните економски зони и финансиската поддршка од државата за компаниите.

На средбата е заеднички констатирано дека има услови за продолжување на трендот на зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Австрија.

По оваа средба во Стопанската комора на Австрија, премиерот Заев има тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц, по што ќе следува работен ручек на владини делегации на двете земји и заедничка прес конференција на премиерот Заев и канцеларот Курц.

АКТУЕЛНОСТИ: