Локална и регионална конкурентност во областа на туризмот

Оваа програма вклучува реализација на видливи проекти со високо ниво на влијание врз развој и унапредување на туризмот, како што се: изградба и реконструкција на локална инфраструктура, ревитализација на објекти од културно наследство, поддршка за развој на туристички услуги и унапредување на туристичката понуда, промоција на македонските туристички дестинации и културно наследство, градење на препознатлив туристички имиџ со воведување на светски стандарди во туристичко- угостителските услуги и сл. Проектот е во вредност од околу 21 милион евра и е финансиран во соработка со Европската Комисија и Светска Банка преку секторот за Конкурентност и Иновации во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за периодот 2014-2020 година

 

-----------------------------------------------
Проект за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија

 

Кабинетот на заменикот на претседателот на владата за економски прашања (КЗПВЕП) го најавува Проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија. Проектот ќе биде финансиран со дотација од Европската Унија во рамки на Програмата ИПА II.

 

За таа цел има намера да спроведе постапка за ангажирање на индивидуални консултанти за потребите на овој проект.

Детален опис на задачи за консултантските услуги кои се бараат се објавени на веб страната на Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања http://www.vicepremier-ekonomija.gov.mk.

 

Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања ги поканува сите кандидати кои исполнуваат услови да искажат интерес за обезбедување на консултантски услуги.  Заинтересираните кандидати потребно е да обезбедат информации (професионална биографија - CV и препораки, исклучиво на англиски јазик) со кои ќе потврдат дека ги поседуваат потребните квалификации и релевантното работно искуство за извршување на задачите.

Деталните повици за искажување на интерес и опис на работни задачи за позициите за кои се објавува овој оглас се достапни на линковите подолу.

Подетални информации може да се добијат на адресата подолу, во работно време од 08:30 – 16:30ч., локално време.

 

Писмата за изразување на интерес мора да се достават во писмена форма на адресата подолу (лично, или по пошта, факс или е-маил) најдоцна до 20.01.2016 година, пред 16:00ч по локално време.

 

Влада на Република Македонија /

Кабинет на Заменик претседател на Влада на Република Македонија, задолжен за економски прашања

За: Елена Трпеска, Соработник

Бул. Илинденска 2, 1000 Скопје, Р. Македонија

тел: +389 (0)2 3114 258; 3118 022 лок. 111, 234

факс: +389 (0)2 3221 506  

E-mail: elena.trpeska@gs.gov.mk

 

 

1. REOI-Individual Consultants-LRCP_Project Director
1.PIU-ToR Project Director_publication
2. PIU-ToR Procurment specialist_publication
2.REOI-Individual Consultants-LRCP_Procurment
3.PIU-ToR Civil Engineer_publication
3.REOI-Individual Consultants-LRCP_Civil
4. PIU-ToR Financial specialist_publication
4.REOI-Individual Consultants-LRCP_Financial Spec
5. PIU-ToR Regional development expert_publishing
5.REOI-Individual Consultants-LRCP_regional
6. PIU-ToR Tourism specialist-publication
6. REOI-Individual Consultants-LRCP_tourism spec
7. PIU-ToR Cultural Heritage Specialist-publication
7.REOI-Individual Consultants-LRCP_Culture
8. PIU ToR Environmental Expert_SG_comments_publication
8.REOI-Individual Consultants-LRCP_environment
9. PIU ToR Procurment specialist Assistant_publication
9. REOI-Individual Consultants-LRCP_Procurment officer
10. PMU ToR Administrative Assistant_publication
10. REOI-Individual Consultants-LRCP_Administrative Asssitant
11. PIU ToR M&E specialist_publication
11.REOI-Individual Consultants-LRCP_M&E

 

-----------------------------------------------
Јавно објавување на конечната верзија на Рамката за управување со животната средина и на Рамката за управување со раселувањето

 

Кабинетот на заменикот на претседателот на владата за економски прашања (КЗПВЕП) го најавува Проектот за локална и регионална конкурентност во туризмот (ПЛРКТ) во Македонија. Проектот ќе биде финансиран со дотација од Европската Унија во рамки на Програмата ИПА II.

 

Главната цел на овој проект е да се подобри придонесот на туризмот за локалниот економски развој и да се подобри капацитетот на владата и на јавните агенции за поттикнување на растот на туризмот и подобрување на управувањето со дестинациите во Македонија.

 

Рамката за управување со животната средина (РУЖС) и Рамката за управување со раселувањето (РУР) за проектот се продуцирани како дел од условите на Светска банка за заштитните механизми за осигурување на усогласеноста на проектот со националните еколошки и социјални политики и политиките на банката со цел минимизирање на целокупните еколошки и социјални ризици.

Рамките се достапни на македонски, албански и англиски јазик.

 

АКТУЕЛНОСТИ: