АКТУЕЛНОСТИ

Средба Анѓушев-Маргхем: Споделувањето на информации и искуства од земјите членки се клучни за интеграција на Македонија во ЕУ

26 октомври, 2017 година

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денес во Брисел, оствари средба со министерка за енергeтика, животна средина и одржлив развој на Кралството Белгија, г-ѓа Мари Кристин Маргхем.

На средбата стана збор за моменталната позиција на Република Македонија во поглед на енергетиката, но и за идните планови и перспективи на Владата во енергетскиот сектор.

Вицепремиерот Анѓушев на одбележување на 20 години од формирањето на Макстил: Владата ќе ги поддржи извозно ориентираните компании во нивниот раст и развој

20 октомври, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, присуствуваше на свеченоста со која се одбележаа 20 години од формирањето на компанијата Макстил и 50 годишнината од постоење на челичната индустрија во Република Македонија.

Средба на вицепремиерот Анѓушев со шпанскиот амбасадор Сера – Заложба за интензивирање на економската соработка помеѓу Македонија и Шпанија

18 октомври, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, оствари средба со новиот амбасадор на Кралството Шпанија во Македонија, Н.Е. Емилио Лоренцо Сера.

Вицепремиерот Анѓушев му го честиташе назначувањето на новиот шпански амбасадор и изрази очекување дека соработка помеѓу двете земји ќе продолжи да се развива во позитивна насока.

Вицепремиерот Анѓушев на Самит 100: Македонија ќе биде добар партнер и сосед на сите земји во регионот

17 октомври, 2017 година

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев  се обрати на панелот „Е-Концепт за забрзување на на растот базиран на поврзувањето“ што е дел од  „Самитот 100“, на кој учествуваат политичките и бизнис лидерите од Југоисточна Европа.

Pages

Subscribe to RSS - АКТУЕЛНОСТИ