Соопштенија

Соопштение до јавноста

20 декември, 2017 година

Во однос на дилемите кои се појавија во јавноста во врска со предлог Законот за енергетика, објавен на Единствениот регистер на прописи (ЕНЕР), а кои се однесуваат на мерните уреди (калориметри), Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања сака да ја информира јавноста за следното:

Домашната академска и бизнис заедница задоволна од мерките од „Планот за економски раст“ – Анѓушев: Транспарентноста, еднаквиот третман и зголемување на соработката помеѓу странските и домашните компании се наш приоритет

20 септември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев на  втората јавна трибина, пред претставници на академската и бизнис заедницата, како и пред претставници од невладини организации,  ги промовираше предлог мерките од „Планот за економски раст“,.

Вицепремиерот Анѓушев се сретна со синдикатот на Велешка Колска – Владата ќе работи да најде трајно решение за надминување на проблемите на фабриката

11 септември, 2017 година

Заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со претставниците на синдикатот на вработените во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес.

Вицепремиерот Анѓушев ги ислуша барањата на вработените од Колска и ги увери дека Владата ќе работи да го надмине проблемот, а вработените да ги добијат своите примања. 

Вицепремиерот Анѓушев даде отчет пред граѓаните за сработеното – Зборот е збор: Дневната евтина тарифа ја вративме на граѓаните

10 септември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори д-р Кочо Анѓушев заедно со министерот задолжен за подобрување на инвестициската клима д-р Зоран Шапуриќ и министeрот задолжен за привлекување на странски инвестиции д-р Аднан Ќахил на конференција за медиумите, во врска со 100-те дена од работењето на Владата ги презентираше ветените и релизираните обврски, како и проектите кои се во тек.

Анѓушев на состанок со компании кои инвестирале или искажале интерес да инвестираат во Македонија – Инвеститорите не треба да имаат дилеми, Владата ќе ги исполни сите услови согласно склучените договори

26 јули, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев оствари средба со претставници на триесетина компании, најголемиот дел корисници на државната помош, но и од компании кои покажале интерес да инвестираат во Република Македонија.

Оваа средба беше одржана со цел да се отстранат дилемите кај постоечките странски инвеститори, но и за да се презентира дел од новиот концепт за привлекување на инвестиции од страна на Владата.

Pages

Subscribe to RSS - Соопштенија