Владата во консултација со бизнис секторот креира активни мерки за намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот

7 јуни 2019


Надминување на проблемот со недостиг на работна сила во Северна Македонија, враќањето на довербата во институциите и креирањето на заеднички активни политики за намалување на невработеноста, беа теми на дискусија на денешната работна средба  „Премостување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на трудот“, на заменик на претседателот на Владата за економски прашања и координација на економските ресори, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставниците од  Американската стопанска комора  во Република Северна Македонија. 

English

Вицепремиерот Aнѓушев и министерот Бектеши го промовираа јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани – можност за инвеститорите за изградба на фотоволтаици со инсталирана моќност од 35 мегавати

6 јуни 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија м-р Крешник Бектеши и претставничката на Европската банка за обнова и развој г-ѓа Анка Јоана Јонеску, на прес конференција во Владата извршија промоција на првиот јавен повик за изградба на фотонапонски електро централи на државно земјиште по принцип на Премиум. Јавниот повик ќе биде објавен на 10 јуни, се однесува на изградба на фотонапонски електро централи со инсталирана моќност од 35 мегавати, а сите заинтересирани инвеститори ќе може да ја подигнат тендерската документација и да аплицираат во рок од 60 дена, по што ќе биде извршено јавно отворање на доставените понуди.

English

Вицепремиерот Анѓушев, министерката Царовска и министерот Адеми на средба со бизнис и академската заедница - Владата презема чекори за имплементација на дуалното образование и за намалување на јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот

6 јуни 2019


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука д-р Арбр Адеми денес учествуваа на трибина „Дуално образование-следни чекори“ во организација на Европската бизнис асоцијација и Стопанската комора на Македонија.

English

Анѓушев и Тевдовски на форум на Европската банка за обнова и развој во Брисел: Имаме силно одобрување за економските и финансиските политики и поддршка за големите конективни инфраструктурни проекти

5 јуни 2019


Делегација на Владата на Република Северна Македонија што ја сочинуваа заменик претседателот во владата задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, предводена од премиерот Заев, денеска учествуваше на форумот „Северна Македонија: Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“, што во организација на Европската банка за обнова и развој и Центарот за европските политики, се одржа во Брисел.

English

Премиерот Заев со нашата дијаспора во Брисел: Се што правиме е за сегашните и идните генерации, а економските резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат

4 јуни 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на шефицата на Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси, беше гостин на средбата со претставници на дијаспората на нашата земја во Белгија, кои се главно ангажирани како професионалци во европските институциите во Брисел, или се вклучени во бизнис средината на оваа земја.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS