Од 15-тата седница на Владата: Утврден ребалансот на Буџетот по амандманската расправа во Собранието; Во пакетот 4 за финансиска поддршка влегуваат и самостојните вршители на дејности; Одлуки за нови кадровски решенија

26 октомври 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ги усвои дополнувањата на ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година со амандманите кои беа прифатени во комисиската расправа во Собранието, и донесе заклучок вака утврдениот ребаланс на Буџетот да биде доставен на усвојување во Парламентот.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши: Потпишани договори за финансиска поддршка со 48 компании, кои и покрај светската економска криза, инвестираат во развој, нови вработувања и зголемување на конкурентноста

26 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа прес конференција на која беа презентирани податоци поврзани со договорите за државна помош потпишани со компании кои аплицираа за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за 2020 година.

Undefined

Од 14-тата седница на Владата: Утврден Закон за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020година од Ковид економските мерки; Одлуки за разрешувања и именувања на директори и членови на УО на јавни претпријатијa

22 октомври 2020


На денешната 14-та седница на Владата на Република Северна Македонија утврден е Предлог на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Undefined

Средба на вицепремиерот Битиќи со ЕУ амбасадорот Гир – Членството во ЕУ е стратешки приоритет и процес од врвен национален интерес

22 октомври 2020


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, денес одржа состанок со Шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, со кого разговараа за спроведувањето на реформи во нашата земја во насока на евро интеграцискиот процес, како и за унапредување на сите сфери на општественото живеење.

Undefined

Од 13-тата седница на Владата: Се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот; Премиерот го прифати барањето да препорача разрешување на Димова од директорската функција на Националната агенција за европски образовни програми

20 октомври 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS