Почетна

Битиќи и Николовски и МТВ Бочварски на увид на градежни активности на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка: Околу 700 милиони евра во инфраструктурни проекти во Североистокот, вкупните инвестиции долж Коридор 8 може да достигнат 2,5 милијарди евра

9 април 2021


Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска извршија увид во градежните активности кои се одвиваат на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, кој се гради во две фази, со вкупна вредност од 58,5 милиони евра.

Undefined

Економските мерки дадоа резултат, 100% имплементација на вториот пакет, економијата е жива и стабилна

8 април 2021


Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4% е растот на вкупните приходи, 5% е растот на даноците и придонесите.  Вториот пакет економски мерки е имплементиран 100%, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Економските мерки го подобрија економскиот резултат за 4,2 процентни поени, беше истакнато на денешната прес-конференција на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, на која присуствуваа и Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Крешник Бектеши, министер за економија и Кире Наумов, директорот на Развојната банка.

Undefined

Од 64-тата седница на Владата: Со законски измени ќе се олесни зголемувањето на износот на регресот за годишен одмор за поддршка на вработени во КОВИД кризата; Дополнителни финансии за изградба и реконструкција на основни и средни училишта

6 април 2021


Владата на Република Северна Македонија денеска го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка со кој се одредуваат непризнаените расходи со што се создава можност за зголемување износот на регрес за годишен одмор кој што ќе се третира како признаен расход за даночни цели, како мерка од петтиот пакет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Undefined

63-та седница на Владата: Донесени се одлуки за нови рестриктивни мерки за заштита од КОВИД-19, ограничување на движење на граѓаните од 20:00 до 05:00 часот; затворање на угостителските објекти, обложувалниците и казината за посетители

5 април 2021

На денешната 63-та редовна седница, Владата, го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести и донесе дополнителни мерки за заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани на Република Северна Македонија, со цел намалување на бројот на новозаразени и намалување на оптоварувањето на здравствените работници, со цел успешно справување со последиците од КОВИД-19 пандемијата.

Undefined

Од 62 седница на Владата: Усвоена информацијата за извршување на Буџетот во првиот квартал со позитивни трендови во однос на истиот квартал во 2020 година

2 април 2021

Владата на Република Северна Македонија на денешната 62 седница, која се совпадна со 29-тата годишнина од усвојувањето на првиот Буџет на независна Република Македонија во 1992 година, ја разгледа и усвои Информацијата за извршување на Буџетот во првиот квартал во 2021 година.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна