План за економски раст

Владата на Република Северна Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст“, поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании.

Со донесувањето на Законот за финансиска поддршка на инвестиции го поттикна економскиот раст и развој на државата, преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и развојот на пазарот на трудот преку поддршка на вработувањата.

Со Законот за финансиска поддршка на инвестиции се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија. Законот претставува шема на помош согласно прописите за контрола на државна помош.

Законот за финансиска поддршка на инвестиции произлезе од „Планот за економски раст“, преку кои се спроведуваат првите два столба од истиот.

Пречистениот текст на Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе можете да го преземете на слениот линк:

ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ (пречистен текст)- линк (на македонски јазик)

ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ (пречистен текст)- линк (на албански јазик)

ЗАКОН ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ИНВЕСТИЦИИ (пречистен текст)- линк (на англиски јазик)

 Надлежни органи за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка се Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија. Па затоа:

  • За инвестициски проекти НАДВОР ОД технолошко индустриски развојни зони деловните субјекти поднесуваат барања за користење на финансиска поддршка до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.

http://www.investinmacedonia.com/

  • За инвестициски проекти ВО технолошко индустриски развојни зони деловните субјекти поднесуваат барања за користење на финансиска поддршка до Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони.

http://fez.gov.mk/?lang=MK

На следниот линк можете да го најдете барањето за доделување на финансиска поддршка во кои се опишани сите пропратни документи кои заедно со барањето треба да се достават од страна на деловните субјекти:

БАРАЊЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА - линк до барањето во Microsoft Office Word

  • Рок за поднесување на барање за доделување на финансиска поддршка (склучување на нов договор): месец август секоја година.
  • Рок за поднесување на барање за склучување на анекс заради усогласување со новите одредби од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, за договорите склучени во 2018 година: 1 август 2019 година (еднократно).
  • Рок за поднесување на барање за склучување на анекс заради промена/измена на договорот за финансиска поддршка (промена на мерки во договор): 1-ви август секоја година.

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА (линк)

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, ВИДОВИТЕ НА ОПРАВДАНИ ИНВЕСТИЦИСКИ ТРОШОЦИ И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИСПЛАТАТА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА (линк)

 

ПРВА фаза

Поднесување на барање за користење на финансиска поддршка

За инвестициски проекти НАДВОР од технолошко индустриски развојни зони

За инвестициски проекти ВО технолошко индустриски развојни зони

АСИПИ

ДТИРЗ

Разгледување на барањето од страна на Комисијата за евалуација на барањата за финансиска поддршка за инвестиции формирана од Владата на РСМ

Доколку деловниот субјект ги исполнува условите од ЗФПИ       

      ↓                    

АСИПИ/ ДТИРЗ изработуваат Предлог договор за финансиска поддршка на инвестиции чии што одредби конечно го утврдуваат со деловниот субјект

Владата на РСМ на седница носи одлука за склучување на договор

Склучување на договор со компанијата, најдоцна до 15.10. во тековната година

ВТОРА фаза

Компаниите поднесуваат барање за исплата на средствата до АСИПИ или ТИРЗ до 15.11. во тековната година

ТРЕТА фаза

Исплатата на средствата ќе се врши најдоцна до 25.12.

 

Врз основа на склучен Договор за финансиска поддршка за инвестиции, за времетраењето на инвестицискиот проект, секоја година се поднесува барање за исплата најдоцна до 15.10. за направени инвестициски трошоци во претходната година

Калкулатор на финансиска поддршка на инвестиции и конкурентност

 

 Среднорочна програма на Фондот за иновации и технолошки развој за период 2018-2020

Контакт:

ДТИРЗ- Дирекција за технолошки индустриски развојни зони

Бул. „Партизански Одреди“ бр. 2, 1000, Скопје http://fez.gov.mk/

Контакт тел :  +389 (0)2 311 11 66

 

АСПИИ- Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, Ул. „Никола Вапцаров“ бр. 7,1000 ,Скопје http://www.investinmacedonia.com

Контакт тел:  +389 (0)2 3169 100 , +389 (0)2 3100 111