Поддршка од Зелениот климатски фонд за развој на капацитетите за пристап до климатски финансии

Во рамките на националните напори за постигнување ниско-јаглеродна економија и развој кој ќе биде отпорен на климатаките промени, Кабинетот на Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ) добива поддршка од ЗКФ за развој на националните капацитети за пристап до климатски финансии.

Поддршката активно ќе придонесе за надополнување на тековните процеси и напори за подготвителност преку следниве три главни области на делување:

1. Оценка на економскиот ризик за земјоделскиот сектор што вклучува анализа на потенцијалните трошоци и придобивки од ефектите на климатските промени врз земјоделскиот сектор, вклучително и:

  • Креирање на преглед на економските ризици поврзани со климатските промени;
  • Развој на проектни концепти за поддршка на процесите на адаптација на земјоделскиот сектор кон климатските промени;
  • Развој на финансиски и економски модели/ алатки кои можат да се користат за анализа на инвестиции или при развој на целосен предлог проект за Зелениот климатски фонд или други предлози за финансирање.

2. Поддршка на процесот на приоретизација на проекти, што вклучува:

  • Користење на веќе воспоставените критериуми за рангирање на потенцијални проектни идеи за ЗКФ за да се евалуира потенцијалот / нивото на приоритетност на проектите за адаптација на земјоделскиот сектор кон климатските промени и за ублажување на влијанијата од климатските промени во секторот енергетика.
  • Проценка на потребите за климатски финансии врз основа на овие проектни идеи.

3. Проценка на капацитетите за услуги поврзани со климатски информации кој се спроведува со цел да се добие јасна продлабочена анализа за моменталната состојба во државата по однос на услугите за климатски информации; да се изврши идентификација на предизвиците и недостатоците на знаења и информации и да се предложат препораки како овие недостатоци да се надминат. Проценка на капацитетите ќе биде спорведена согласно рамката за оценка на капацитетите усвоена од Глобална рамка за климатски услуги и ќе се фокусира на следниве клучни прашања:

  • Кои се главните корисници на климатските услуги и информации и какви климатски информациони услуги истите користат?
  • Што им е потребно на корисниците од страна на климатските информациони услуги за да можат да ги зголемат инвестициите и да одговорат соодветно на климатските предизвици?
  • Кои специфични компоненти може да ги обезбеди Управата за хидро-метеоролошки работи во моментов?
  • Кои други институции играат значајна улога во системот на обезбедување на метеоролошки и хидролошки услуги и податоци?
  • Кои се предизвиците и можностите за подобрување на системот?

Оваа поддршка од страна на Зелениот климатски фонд започна во февруари 2020 година и се очекува да биде завршена до крајот на септември 2020.

 

Повеќе инфо: http://www.greendevelopment.mk

 

_________________________________________________________

 

„Support from the GCF to enhance capacities to access climate finance“

As part of the national efforts to achieve low-carbon economy and climate resilient development, the Cabinet of the Deputy President of the Government of the Republic of North Macedonia, acting as the National Designated Authority (NDA) to the Green Climate Fund (GCF), is receiving support from the GCF to enhance capacities to access climate finance.

The support will actively complement ongoing readiness support by assisting in three main areas:
 

1. Economic risk assessment for the agricultural sector involving analysis of potential costs and benefits of climate change effects on the agricultural sector including:

  • Creating an overview of the economic risks associated with climate change;
  • Development of project concepts to support climate change adaptation in the agriculture sector;
  • Development of financial and economic models / tools which could be used to analyse investments / feed into Annexes of GCF project proposals or other funding proposals.

 

2. Support to the prioritization of projects for the selection of projects, which involves:

  • Using already established criteria for ranking potential GCF projects to evaluate the potential /level of priority of projects for agriculture sector adaptation and for energy sector mitigation.
  • Estimation of climate financing needs based on these project ideas.

 

3. Capacity assessment for climate information services being undertaken to gain an in-depth understanding of the current situation regarding Climate Information Services (CIS) in North Macedonia, to identify the knowledge and information gaps and to propose recommendations on how to address these gaps. The capacity assessment will be based on the framework for assessment of capacities adopted by the Global Framework for Climate Services (GFCS) and will focus on the following key questions:

  • Who are the main users of the climate information services and what climate information services do they use?
  • What do the users need from the climate information services to maximize investments and address vulnerabilities?
  • What specific components can the National Hydro-meteorological Service provide at present?
  • What other institutions play a relevant role in the provision of meteorological and hydrological services?
  • What are the gaps and opportunities for improvement?

This support programme began in February 2020 and is expected to be completed in September 2020.

More info: http://www.greendevelopment.mk/en

 

АКТУЕЛНОСТИ: