Одржлив развој и Агенда 2030

 

Од осамостојувањето во 1991 година, Република Северна Македонија оствари значителен напредок кон одржливиот развој и рационално користење на природните ресурси. Овој процес се водеше според основните вредности содржани во Уставот, правната рамка, стратегиските документи и политики, како што се Националниот план за развој 2007-2009, Националната стратегија за одржлив развој 2009-2030, Стратегијата за регионален развој 2009-2019, итн. Во 2015 година, Владата ја реафирмира својата заложба кон одржливиот развој, обврзувајќи се кон принципот „никој нема да биде изоставен“ и се согласи да ја спроведе Агендата 2030.

Агендата  2030 обезбедува корисна универзална рамка за зајакнување на колективната акција кон заедничките цели и предизвици за заеднички просперитет и исполнување на нашите меѓугенерациски одговорности, кои можат да се постигнат само преку колаборативни партнерства во кое ќе бидат вклучени сите земји и сите засегнати страни. Искоренување на сиромаштијата и гладот, еднакви права на сите мажи и жени, девојчиња и момчиња, добро здравје и добро управување, зачувувајќи ја природата и работејќи заедно.

Во 2018 гoдина, Владата на Република Северна Македонија, преку Националниот совет за одржлив развој, ја реафирмира својата посветеност кон реализација на Агендата 2030 на Организацијата на  Обединетите Нации (ООН) со идентификување пет приоритетни  Цели за одржлив развој (ЦОР1-сиромаштија, ЦОР4-образование, ЦОР8-економија, ЦОР13-климатски промени и ЦОР16-правда), врз основа на приоритетните активности и мерки дефинирани во Владината програма 2017-2020 и петте столба врз кои се заснова сегашната Рамка на Обединетите Нации за развојна помош (УНДАФ) за периодот 2016-2020.

Брзата Интегрирана Проценка утврди дека национаните развојни документите имаат 83% усогласеност со Целите за одржлив развој. Постои целосна усогласеност за целите 4 (Образование), 6 (Вода), 7 (Енергија), 9 (Инфраструктура и индустријализација) и 16 (Инклузивно владеење). Најмал степен на усогласеност - околу 50 % - беше утврден за Цел 10 (Нееднаквости меѓу и во рамките на земјите). Владата е посветена да ги продолжи своите напори за понатамошно усогласување на националната политика и законодавната рамка со Целите за одржлив развој. Ова заложба е целосно компатибилна со стратешкиот приоритет на земјата за евро-атлантска интеграција и Владата ќе се обиде да ја зајакне усогласеноста и да изгради синергија помеѓу овие два процеса.

Во јули 2020 година, Република Северна Македонија го презентираше првиот Доброволен национален преглед на Високиот политички форум во ООН. Првиот Доброволниот национален преглед за Северна Македонија е важен документ изготвен со заеднички напори и плодна соработка меѓу повеќе чинители (стопанските комори, граѓанските организации, младите и академската заедница). Прегледот  дава осврт по однос на  успешноста на имплементација на Агендата 2030, а во истовреме ги рефлектира  нашите достигнувања и предизвици и ги посочува следните чекори што треба да се преземат при спроведувањето на Целите за одржлив развој.

 

__________________________________________________________________________

 

Since the independence, the Republic of North Macedonia has made significant progress towards sustainable development and rational use of available natural resources, guided by a number of key strategic policy documents such as the National Development Plan 2007-2009, National Strategy for Sustainable Development 2009-2030, Strategy for Regional Development 2009-2019, etc. In 2015, the Government of North Macedonia reaffirmed its commitment to sustainable development by pledging “to leave no one behind” and agreeing to implement the 2030 Agenda.

The 2030 Agenda for Sustainable Development recognizes this and provides a useful universal framework to strengthen collective action towards common goals and challenges of shared prosperity and the fulfillment of our intergenerational responsibilities that can only be achieved through a collaborative partnership involving all countries and all stakeholders. Eradicating poverty and hunger, equal rights for all men and women, girls and boys, good health and good governance, while preserving nature and working together – these noble goals keep inspiring us since 2015.

 

In 2018, the Government of the Republic of Macedonia, through the National Council for Sustainable Development, reaffirmed the commitment to implement the Agenda 2030 and by identifying five Prioritized Sustainable Development Goals(SDG 1, SDG4, SDG8, SDG 13 and SDG16), based on the priority activities and measures defined in the Government Programme for 2017-2020 and the five pillars on the basis of which the current United Nations Development Assistance Framework (UNDAF)  for the period 2016-2020.

The Rapid Integration Assessment of the SDGs conducted in 2019 found that 83 per cent of national strategic development plans were aligned with the SDGs. Full compliance was observed for goals 4, 6 , 7, 9 and 16 . In these areas all global targets are reflected in national policy instruments. The least amount of alignment – 50% – was found for Goal 10 .The Government is committed to continue its efforts to further bring the national policy and legislative framework in line with the SDGs. This commitment is fully compatible with the country’s Euro-Atlantic Integration strategic priority and the Government will seek to strengthen the alignment and build synergies between these two processes.

In July 2020 presented the first Voluntary National Review for North Macedonia at the High level political forum in UN. The Voluntary National Review is an important document prepared with joint effort and fruitful collaboration of multiple stakeholders (chambers of commerce, civil society organizations, youth and academia). The Review evaluates the performance of the country in terms of the Agenda 2030, but in the same time makes reflection on our achievements and challenges and identification of the next steps that need to be taken in the implementation of the Sustainable Development Goals.

 

АКТУЕЛНОСТИ: