Владата на РСМ на Форум „Две години влада – отворено пред граѓаните“: Создаваме држава со сосема извесна европска иднина, за благосостојба и просперитет за сите нејзини граѓани ослободени од стравовите и предрасудите на минатото

2 јуни 2019


Со форумот „Две години влада – отворено пред граѓаните“, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со останатите заменици претседатели и министри во Владата, денеска е одржан јавен, отворен, настан на кој и во оваа прилика е овозможено јавноста и граѓаните да ги изразат своите мислења, коментари, сугестии, предлози и критики за работата и политиките на Владата.

English

Вицепремиерот Анѓушев и директорот на ФИТР ги презентираа податоците за доставени апликации на јавниот повик за грантови за комерцијализација на иновации – доставени се 478 апликации, а вкупните инвестиции се 105 милиони евра

29 мај 2019


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски денес, на прес конференција, ги презентираа првичните податоци во врска со доставените апликации од страна на компаниите на завршениот втор јавен повик за ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации, кои се однесуваат на мерките од третиот столб на Планот за економски раст (ПЕР), за поддршка на микро, мали и средни компании.

English

Работна средба на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство со премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорите на УЈП и Царинската управа и дебата за аргументирани промени за поголемо подигнување на економските параметри и

28 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, директорите на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски и неговите советници за економски прашања, вчера попладне одржаа неколкучасовна средба со претставници на  Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство на кој отворија дискусија за поединечни предлози и решенија кои директно би помогнале за подобрување на условите за водење бизнис во државата.

English

Премиерот Заев со владина и бизнис делегација во посета на Словенија: Ни значи вашата поддршка, по 14 години како земја-кандидат заслужуваме да добиеме продолжување на процесот, а тоа е почетокот на преговорите со ЕУ

28 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и бизнис делегација престојува во официјална дводневна посета на Република Словенија, во рамките на која оствари средби со бизнисмени и претставници на државниот врв на Словенија, а ќе присуствува и на Бизнис форумот во организација на Стопанските комори на Северна Македонија и Словенија.

English

Отпочна официјалната посета на делегација на Владата на РСМ, предводена од премиерот Заев на Словенија, придружена со делегација стопанственици

28 мај 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со сопругата Зорица Заева, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од Претседателот на Владата на Словенија, Марјан Шарец, како дел од програмата на официјалната посета.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS