Царовска и Шкријељ на средба со пензионерите во Ресен: Пензијата што ќе се исплати во февруари повисока за 700 денари сите пензионери, пензиите продолжуваат да растат

22 jaнуари 2020


Заменичката на претседателот на Владата Мила Царовска, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, заменик директорот на ПИО Илија Ивановски, претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери Станка Трајкова и градоначалникот Живко Гошаревски, денеска се сретнаа со пензионерите во Ресен. Тема на разговор беше престојното покачување на пензиите во политика и другите прашања поврзани со повозрасната популација.

English

Вицепремиерката Царовска и заменичката министерка Наумовска во посета на ОЕМУЦ Наум Охридски - Креираме концепт за дуално образование прилагоден на локални услови

22 јануари 2020


Заменичката претседателка на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска и директорот на Делегацијата на германското стопанство Патрик Мартенс го посетија Општинскиот електро-машински центар "Св. Наум Охридски" во Охрид, едно од техничките училишта во кои се спроведува проектот за дуално образование на Делегацијата на германското стопанство.

English

ПВРСМ Спасовски, ЗПВРСМ Царовска, ДЗМТСП Шкријељ, директорката на УЈП Лукаревска и градоначалникот Бочварски во посета на компанијата„Албатрос“ во Штип-Зголемувањето на минималната плата и мерката за субвенционирање на придонесите даваат одлични резултати

21 јануари 2020


Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, директорката на Управата на јавни приходи, Сања Лукаревска и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, во рамките на активностите во пресрет на Владината седницата која што ќе се одржи во Штип, остварија посета на текстилната компанија Албатрос, кадешто се сретнаа со менаџментот и го посетија производствениот погон на компанијата.

English

Царовска и Деспотовски во посета на ИТ компанијата Докстим – Преку ФИТР поддржани 314 мали и средни компании, се реализираат проекти во вредност од 57 милиони евра

20 јануари 2020


Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, ја посетија иновативната ИТ компанија Докстим, којашто е корисник на инструментот за кофинансирани грантови за иновации.

English

Царовска, Шкријељ и Јовановска ги презентираа резултатите од Оперативниот план за 2019 година – Рекорден буџет од 1,3 милијарди денари, реализација на оперативниот план 98,6%

17 јануари 2020


Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменска министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска ги презентираа резултатите на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS