Oдржан бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Руската федерација

14 ноември 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на Бизнис Форумот посветен на соработката меѓу претставниците на деловните заедници од нашата земја и од Руската Федерација. 

English

Вицепремиерот Анѓушев и Администраторот на УСАИД Грин – Американските граѓани преку УСАИД од 1993 даваат поддршка за развој на демократијата, транспарентноста и просперитетот на Северна Македонија

13 ноември 2019


Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денес оствари средба со Администраторот на УСАИД, амбасадорот Марк Грин, со кој разговараа за досегашната поддршка од страна на УСАИД, тековните проекти кои се спроведуваат во Северна Македонија, како и за идните форми на соработка, пред се во насока на унапредување на економијата, демократијата, транспарентноста и повисок квалитет на живот на граѓаните.

English

Вицепремиерот Анѓушев и Вицепремиерката Шекеринска на НАТО индустрискиот ден – Членството во НАТО дава одлична можност на македонските компании да учествуваат во јавните набавки за потребите на Алијансата

13 ноември 2019


Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и вицепремиерката и министерка за одбрана м-р Радмила Шекеринска се обратија на НАТО индустрискиот ден, настан на кој две НАТО агенции задолжени за реализација на јавните набавки за потребите на Алијансата ги презентираа можностите за компаниите од Република Северна Македонија за учество на тендери кои се спроведуваат.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши – Силна поддршка за домашните компании преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции: во 2018 година реализирани над 110 милиона инвестиции и отворени над 2100 работни места

3 ноември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши, одржаа прес конференција за одлуките на Владата во врска со склучување на договори со 171 домашна компанија кои аплицирале за користење на мерките по Законот за финансиска поддршка на инвестициите, којшто е донесен во мај 2018 година.

English

Вицепремиерот Анѓушев на средба со директорот за јужна и централна Европа во Стејт Департментот Костеланчик – Република Северна Македонија е целосно посветена на евро-атлантските интеграции

1 ноември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со г. Дејвид Костеланчик, новоименуваниот директор во канцеларијата за јужна и централна Европа во Стејт Департментот, со кого разговараа за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија, како и за економската соработка помеѓу нашата земја и САД.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS