Потпишан договор помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Меѓународната финансиска корпорација – Заживува проектот за изградба на ХЕЦ Чебрен

21 јуни 2019


Денес, во Владата на Република Северна Македонија, вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација  (IFC) задолжена за Европа, Јужна Америка и Карибите и Централна Азија, г-ѓа Џеорџина Бејкер потпишаа договор за соработка за ажурирање на техничка студија за изградба на ХЕЦ Чебрен, чекор со кој се заживува овој значаен за земјата енергетски проект.

English

Вицепремиерот Анѓушев на инвестициски форум на Фајненшл Тајмс и ЕБОР во Лондон - Република Северна Македонија е атрактивна дестинација за инвеститори, огромни можности за соработка и со домашни компании

18 јуни 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денес, заедно со претседателот на Владата Зоран Заев, учествуваат на инвестициски форум во организација на Фајненшл Тајмс и Европската Банка за обнова и развој, кој се одржува во Лондон, Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. 

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев од Форумот на Фајненшал Тајмс во Лондон: Форумот е одлична прилика да ги убедиме заинтересираните компании за инвестиции во Република Северна Македонија, важиме за земја со најголем раст на странски директни инвестиц

18 јуни 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска учествуваа на Форумот за Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“ којшто се одржува во Лондон во организација на Фајненшал Тајмс. Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев изјавија дека земјата се препознава како атрактивна дестинација за инвестиции и дека постои голем интерес од реномирани компании за инвестирање.

English

Премиерот Заев за средбите со претставниците на управните одбори и извршни директори на германските компании: Поттикнавме интерес и очекуваме нов развој на соработката со германското стопанство

13 јуни 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на владата задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев,  одржаа и директни средби со претставници на германските компании за време на посетата на Берлин, на покана на Стопанската комора на СР Германија за источна Европа. 

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев пред претставниците на најголемите германски компании: Ова е вистинско време за инвестиции во Северна Македонија во предвидлива и одржлива средина за развој

13 јуни 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменикот претседателот во Владата на РСМ задолжен за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, денеска на работната средба со претставници на дел од најголемите компании од СР Германија, разговараа за потенцијалите за соработка и за инвестиции во Северна Македонија. 

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS