Денеска, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа во Кавадарци одржаа средба со лозарите.
Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, денес се сретна со претставниците на Независната угостителска комора (НУК), со кои разговараше за нивните видувања во однос на досегашната поддршка на стопанството преку имплементацијата на трите сета антикризни мерки, а дискутираа и за новиот, четврт сет на мерки, кој се очекува Владата да го усвои и објави во периодот кој следи.
„Се стремиме кон иста цел – да реализираме минимална плата од 20.000 денари, со што го остваруваме и барањето на синдикатите за минимална плата која е речиси 60% од просечната плата, а просечната нето плата очекуваме да порасне до 34.000 денари до крајот на мандатот“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во изјавата за медиуми пред почетокот на денешната средба со претставници на Сојузот на синдикати.
Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, во насока на продолжување на дијалогот помеѓу Владата и бизнис секторот за креирање на политики и мерки за новата развојна и одржлива економија на Северна Македонија, денес се сретна со делегацијата на Сојузот на стопански комори, која ја предводеше претседателката Данела Арсовска.
Вицепремиерот Битиќи, на средбата со претставниците на ССК, посочи дека Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис секторот, во насока на креирање на политики, проекти и мерки за создавање на нова развојна и одржлива економија на нашата земја.
Со следниот пакет економски мерки ќе продолжиме со креирање на развојна македонска економија и јас сум уверен дека во тоа ќе успееме. Мерките ќе бидат дефиниран низ инклузивен процес на консултации со бизнис заедницата и ќе одговорат на потребите на стопанството и на граѓаните.