Се прекинува воспитно-образовниот процес во детските градинки, основното, средното и високото образование, се забрануваат масовни јавни настани и организираните патувања во високо ризичните земји

10 март 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 15-та редовна седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, и ги донесе следните заклучоци:

English

Брифинг во Владата со главните уредници и уредници на медиумите за најновите мерки за спречување на ширењето на корона вирусот

10 март 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката претседателка во Владата задолжена за економските ресори, Мила Царовска, министерот за здравство, д-р Венко Филипче, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска одржаа брифинг со триесеттина главни уредници и уредници на медиуми и непосредно ги презентираа заклучоците на Владата на Северна Македонија од денешната, 15-тата редовна седница, за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по согласно информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.

English

Владина делегација денес во поддршка на Маршот на родова рамноправност во организација на платформата за родова рамноправност

8 март 2020

Caption

Владата останува посветена сѐ до постигнување на целосната правична родова еднаквост и совладување конзервативните и застарени принципи за улогата на жената.

English

Вицепремиерката Царовска на средба со пензионерите од Битола – Продолжуваме со унапредување на животниот стандард на пензионерите, покачувањето од 722 денари е влезено во основицата

6 март 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заедно со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и заменикот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Илија Ивановски, денес го посетија ново отворениот клуб на пензионери во Битола,  при што ги презентираа мерките коишто Владата ги спроведе, во насока на унапредување на животниот стандард на оваа многубројна група на граѓани.

English

Со позитивни мерки ја зголемуваме вработливоста на младите за да останат во државата - Царовска, Шкријељ и Каевски на инфо сесија со студенсти на економски факултет

4 март 2020


Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заедно со дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и деканот на Економскиот факултет во Скопје Предраг Трпески пред студентите ги презентираа владините мерки кои се однесуваат за млади лица.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS