Како круна на нашите успешни економски политики, имаме да ви соопштиме една исклучително добра вест: Една од најмоќните компании во автомобилската индустрија, компанијата ДУРА Аутомотив Системс донесе одлука да започне две нови инвестиции во нашата земја, и со тоа само оваа компанија, која веќе има една фабрика во ТИРЗ 2 Бунарџик, во нашата земја ќе има вкупно три модерни капацитети во кои со најнова технологија ќе се произведуваат компоненти за најголемите светски автомобилски компании, соопшти претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на прес-конференцијата на која говореа и заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев, и директорот на Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Александар Младеновски.
Во 2019 година во Фонд за иновации и технолошки развој пристигнале дури 487 апликации за поддршка, што е тројно повеќе од првиот повик во 2015 година кога беа пријавени се 158 апликации. Владата го следеше зголемениот интерес и Буџетот за поддршка на иновации од 1,2 милиони евра поддршка во 2015 година, во 2019 година изнесува дури 11.2 мил евра, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на презентацијата на работата на ФИТР во 2019 и на кампањата „Креираме успешни приказни“, на која говореа и заменик претседателот во Владата задолжен за економските ресори, Кочо Анѓушев, и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.
Владата на Република Северна Македонија и компанијата Локо Транс од Република Чешка, денес го потпишаа договорот за државна помош за инвестицијата во вредност од 15-20 милиони евра во која се планира да се отворат од 250-300 нови работни места.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, министерот за образование и наука, д-р Арбр Адеми и амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. г-а Сибил Сутер, учествуваа на конференцијата „Вклучување на приватниот сектор за квалитетно стручно образование на идната работна сила“, дел од Проектот за образование за вработување во Северна Македонија, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Нови три странски инвестиции ќе почнат да се релизираат во земјава, а една од нив е и на американската компанија Дура, која ќе го дополни производството со две нови фабрики што ги убедивме да ги инвестираат во земјава, а планираа да ги отворат во Чешка, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во вечерашното интервју на Националната телевизија.