Вицепремиерот Aнѓушев и британскиот министер Данкан потпишаа меморандум за соработка – започнува со изработка стратегија за енергетика за наредните 30 години

Вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот задолжен за Европа и Америка во британското министерство за надворешни работи и Комонвелтот Сер Алан Данкан денес го потпишаа меморандумот за соработка во насока на креирање на Стратегијата за енергетика на Република Македонија во наредните 30 години.

English

Одржана информативна бизнис средба – Владата заедно со УНДП и бизнис секторот креираат мерки за намалување на невработеноста

Владата на Република Македонија, со поддршка на УНДП, на 16 септември 2018 година, го собра бизнис секторот на информативна бизнис средба, за да ги слушне нивните потреби за креирање на нови мерки за намалување на невработеноста и зголемување на развојот на бизнисот. 

English

Започна со изградба новиот објект на компанијата индустри сервис во гази баба – инвестиција од 1,5 милиони евра и до 100 нови вработувања

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи  Оливер Спасовски, градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски на 15 септември 2018 година присуствуваа на свеченоста со која се означи почетокот на изградба на новиот објект на компанијата Индустри сервис во населба Маџари. Вицепремиерот Анѓушев, потенцираше дека оваа нова инвестиција на компанија која е специјализирана за производство на храна за потребите на големи индустриски капацитети е уште еден доказ за процесот на индустријализација кој се одвива во  Република Македонија. Тој дополни дека овој тип на компании се многу важни во индустријата, бидејќи според податоците од Светската организација на трудот, компаниите кои имаат организирана исхрана ја зголемуваат својата продуктивност дури до 20%.

English

Промовиран проектот за „одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – започна подготовка на софтвер за распределба на буџетски средства

На 14 септември 2018 година, во Свечената сала на Владата, беше презентиран „Проектот за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во соработка со Министерството за локална самоуправа, а со поддршка од Амбаса

English

Започна јавната расправа за предлог законот за практиканство – младите лица ќе стекнуваат практични вештини преку платена работа

Денес започна јавната расправа за целосно новиот Предлог закон за практиканство, со кој во правни рамки се става оваа дејност и преку кој се дефинираат правата и обврските на практикантите - лица од 15 до 29 години, како и на компаниите кои имаат потреба од ваков вид на кадар.
 

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS