Вицепремиерот Битиќи и директорот Деспотовски: 2021 година ја започнуваме со нова инвестиција во ТИРЗ – германската Ипротекс инвестира 5 милиони евра и отвора нови 30 работни места

20 јануари 2021


Компанија Ипротекс и Дирекцијата за технолошко индустриски зони, денес го потпишаа договорот за државна поддршка, со кој оваа германска компанија, дел од групацијата Innotech & Iprotex, се обврза на инвестиција од 5 милион евра и отворање  на минимум 30 работни места во ТИРЗ Скопје 1.

Undefined

Од 40-тата седница на Владата: Рестораните повторно ќе работат до 21:00 часот; Пензиите, просечно повисоки за 185 денари; Донесена првата мерка од Пакетот 5 со која компаниите се ослободени од царинските давачки во висина од 162,4 милиони евра

19 јануари 2021

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.

Undefined

Владата ја одржа 39-тата седница: Усвоени програми за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции, самостојни управни органи и управни организации, согласно буџетските средства за оваа година

16 јануари 2021


Владата на Северна Македонија, денеска, ја одржа 39-тата седница, посветена на информациите за годишните програми и планови за работа на повеќе јавни претпријатија, агенции, самостојни управни органи и управни организации,  согласно буџетските средства предвидени за 2021 година и планот за рационализација.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи: Намерата на Владата е да имаме ефикасни и ефективни јавни претпријатија, кои обезбедуваат навремени и квалитетни услуги на граѓаните

15 jануари 2021

 


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, на покана на „Центарот за граѓански комуникации“, „Конект“ и „Здружението на даночните советници“, учествуваше на дебата која се спроведува во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис секторот“ на тема „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори“, а на кој беше презентирана и публикација за резултатите од финансиското работење на 30-те најголеми јавни претпријатија во државна сопственост.

Undefined

Од 38-та седница на Владата: Продолжен е рокот за исплата на финансиската поддршка од 6.000 денари за нешто повеќе од 24.000 граѓани до 31 март; Усвоена Програмата за задолжителна имунизација на населението во 2021 година

12 јануари 2021

Владата на Република Северна Македонија на денешната 38-ма седница донесе одлука за продолжување на рокот за искористување на средствата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници до 31 март 2021 година.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS