Потпишани 74 договори за развој на селата и подрачјата со специфични развојни потреби – Наменети 2 милиони евра за рамномерен регионален развој

18 jули 2019


Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини. Вкупната вредност на проектите е 124 милиони денари, или 2 милиони евра.

English

Започна со градба фабриката на „Балканлар Пластик“: Инвестиција од 7 милиони евра со 300 вработувања

18 jули 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИР зоните, Александар Младеновски, денеска со свои обраќања го означија почетокот на градба на новата фабрика на компанијата „Балканлар Пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1. На настанот свое обраќање имаше и менаџерот на компанијата, Ерен Чалишир.

English

Вицепремиерот Анѓушев, директорот Младеновски и градоначалникот на Охрид Георгиески во посета на фабриката на Костал во Охрид – Костал продолжува со инвестирање и развој, се вработуваат млади едуцирани лица со високи примања

17 jули 2019


Заменикот  на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, ја посетија фабриката на Костал во Охрид, каде остварија средба со извршниот директор на групацијата „Леопод Костал“, Каи Кникман и потпретседателот на групацијата, Кристофер Сандерс, на која беа информирани за развојните планови на оваа компанија во нашата земја.

English

Вицепремиерот Анѓушев на средба со Анди Аранитаси, новиот директор на канцеларијата на ЕБОР во Скопје – ЕБОР е значаен финансиски партнер на земјата, продолжуваме со реализација на заеднички проекти

16 јули 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба новоименуваниот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој во Скопје, г. Анди Аранитаси, кој ќе ја преземе функцијата од досегашната директорка Анка Јоана Јонеску на 1 септември 2019 година.

English

Вицепремиерот Анѓушев се сретна со новоименуваната амбасадорка на САД Кејт Мари Брнз – Инвестициите во реалната економија обезбедуваат одржлив економски развој

15 јули 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев оствари средба со неодамна именуваната амбасадорка на САД во Северна Македонија, Н.Е. г-а Кејт Мари Брнз, со која разговораа за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS