Владина делегација на средба со Деловниот совет на Турција - Северна Македонија: Да го зголемиме потенцијалот на економска соработка со Р. Турција преку поврзување на бизнисите

13 февруари 2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан денеска остварија средба со делегација на Деловниот совет Турција - Северна Македонија при Бордот за надворешно економски односи која беше предводена од претседателот на советот, Билал Кара.

English

Вицепремиерот Анѓушев и Министерот Филипче на средба со IFC во Белград – подршка од IFC за реализација на крупни инфраструктурни проекти

7 февруари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и министерот за здравство д-р Венко Филипче, денес во Белград се сретнаа со директорот на регионалната канцеларија на Меѓународната финансиска корпорација за Централна и Југоисточна Европа (IFC-International Finance Corporation), г-дин Томас Лубек, со кого разговараа за можностите за поддршка од страна на IFC, дел од групацијата на Светска Банка, за реализација на крупни инфраструктурни проекти во енергетиката и во здравствениот сектор.

English

Вицепремиерот Анѓушев во работна посета на СР Германија – силна германска поддршка за поинтензивен економски раст и создавање реална и одржлива економија

06 февруари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, како копретседавач на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу нашата земја и СР Германија, денес реализира еднодневна посета во Берлин. 

English

Вицепремиерот Анѓушев на презентација на проектот BIMcert – преку европски фондови до повисоки стандарди во градежниот сектор

4 февруари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов, присуствуваа на отворената сесија на состанoкот на конзорциумот на Проектот „BIMcert“, кој во нашата земја се спроведува преку Научниот институт за истражувања во градежништвото, животната средина и енергетиката (ИЕГЕ-Скопје).

English

Доделени 49 милиони денари на невладини организации и асоцијации за проекти за развој на туризмот во Mакедонија

30 јануари 2019

Вкупно 49 милиони денари се распределени на денешната свеченост за доделување на договори на 12 невладини организации и асоцијации, за спроведување на проекти со кои ќе се поттикне локалната и регионалната конкурентност во туризмот. Овие средства се доделени преку Проектот за локална и регионална конкурентност кој се спроведува преку заедничка соработка на Владата на Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија и канцеларијата на Светска банка.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS