Димковски: Преземаме мерки со коишто ќе ги ублажиме последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој

16 април 2020


Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа прес-конференција на којашто соопшти дека Владата на Република Северна Македонија ќе ги овозможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одговори на барањата на земјоделците.

English

Филиповска-Грашкоска: Инспекторатите засилено на терен, затворени 5 угостителски објекти во Скопје, непочитувањето на владините мерки строго се санкционира

15 април 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од инспекциски надзори од повеќе инспекциски служби во надлежност на Советот, за периодот од 9-13 април. Притоа за овие пет дена соопшти Филиповска-Грашкоска од страна на шест инспекторати се направени вкупно 1.319 надзори.

English

Ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година, како поддршка за компаниите погодени од корона кризата

15 април 2020


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска во Медиа центарот на Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција посветена на Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година, како и Уредбата со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

English

Од 41-та седница на Владата на Република Северна Македонија: На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба; Уште 118 компании со 1116 вработени ќе користат бескаматни кредити;

14 април 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 41-ва седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба.

English

Надоместок на плата на работниците, за време на принуден одмор и отсуство од работа поради виша сила

14 април 2020

Во врска со интересот на јавноста за надоместоците на работниците на плата, министерството за труд и социјална политика информира дека Законот за работните односи со членот 112 ги дефинира случаите кога на работникот му се исплатува надоместок на плата.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS