Владата на Република Северна Македонија изминатите две и пол години силно е посветена на стабилизирање и зајакнување на домашната економија. Силната економија носи директни придобивки за граѓаните преку зголемување на платите и пензиите, стабилизирање на здравствениот и пензискиот фонд, привлекување странски и зголемување на домашните инвестиции, отворање нови фабрики, а со тоа и зголемен број на новоотворени работни места.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, покрај учеството на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии - нови перспективи“ која се одржува во Вашингтон ДЦ, во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини, во попладневните часови оствари средби со Сирил Милер, потпретседателот на групацијата Светска Банка задолжен за Европа и Централна Азија и со Џорџина Бејкер, потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите.), со кои разговараше за тековните и идни проекти во Северна Македонија со поддршка на овие две организации.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, ја започна работната посета во Вашингтон ДЦ, со учество на панелот „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран“, кој се одржа во рамките на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии - нови перспективи“, во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини. На панелот учествуваа и грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и министерот за надворешни работи на Кипар Никос Кристодулидес.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, во рамките на Самитот кој се одржа во Солун, учествуваше и на панелот „Енергетски безбедносни предизвици во Источниот Медитеран “.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на панелот „Југоисточна Европа, предизвици и перспективи“, во рамките на Самитот кој се одржа во Солун.