Вицепремиерот Анѓушев се сретна со новиот амбасадор на Кралството Холандија Јан Коп

03 октомври 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев се сретна со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија, Н.Е. г. Дирк Јан Коп, со кого разговараа за тековните економски состојби во Северна Македонија, како и за соработката помеѓу двете земји.

English

Вицепремиерот Анѓушев на тркалезна маса во организација на Македонска берза АД – Владата активно работи на раздвижување на пазарот на капитал, ги охрабруваме компаниите да стануваат акционерски друштва

02 oктомври 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев присуствуваше и се обрати на свеченото отворање на настанот – Тркалезна маса „Идната улога на пазарите на капитал во малите и отворени економии“, во организација на Комисијата за хартии од вредност и Македонска берза АД Скопје.

English

Вицепремиерот Анѓушев и директорот Младеновски на средба со компании во Њујорк-Реализирани успешни средби, во најава нови проекти на компании од САД во ТИР зоните

28 септември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски се во работна посета во Њујорк, САД, каде остварија директни средби со менаџментите на неколку американски компании, заинтересирани за инвестиции во нашата земја.

English

Вицепремиерот Анѓушев се сретна со новиот кинески амбасадор Зуо – Да се продолжи континуитетот на добра соработка помеѓу двете земји

24 септември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев го прими новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина Н.Е. г. Жанг Зуо.

Вицепремиерот Анѓушев и амбасадорот Зуо зборуваа за досегашната соработка помеѓу Република Северна Македонија и НР Кина и се согласија дека е воспоставена добра соработка и дека има можности истата да се прошири.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS