Официјална посета на Владата на Србија на нашата земја: Потпишани спогодби за заедничко ефикасно управување со граничните и царинските контроли за силна меѓусебна соработка и за лидерство во регионалното економско поврзување

26 август 2019


Во Владата на Република Северна Македонија денеска се реализираше агендата на официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ, која започна со заеднички организираниот настан за свечено пуштање во употреба на концептот One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце/Прешево, денеска.

English

Заев и Брнабиќ на Табановце/Прешево: Ги имплементираме најдобрите европски практики, заедничко управување со граничните и царинските контроли за побрза размена на информации, за олеснување на трговијата, драстично намалување на корупцијата

26 август 2019


Премиерите на Северна Македонија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, и во присуство на министри во двете влади, како и на највисоки претставници на институциите за гранично и царинско управување на двете земји, денеска, на заеднички настан и како дел од официјалната посета на делегација на Владата на Република Србија, со пригодна свеченост го пуштија во употреба на концептот One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце/Прешево.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Димковски ги презентираа превентивните мерки за заштита од Африканска чума – Се преземаат одлучни и порадикални мерки за да се спречи ширењето на болеста на територијата на Република Северна Македонија

20 август 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, одржаа брифинг со претставници на медиумите и прес конференција на која информираа за мерките донесени на денешната 150-та Владина седница кои се однесуваат за превентивно делување и спречување на пренесувањето на болеста Африканска чума на територијата на Република Северна Македонија.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во Пробиштип, во посета на словенечката фабрика „Таб Мак“: Оваа инвестиција е пример за идните инвеститори, како на најдобар начин да се користат придобивките од програмите за поддршка на Владата

26 јули 2019


Премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, вчера, заедно со градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов  ја  посетија словенечката фабрика „Таб Мак“ за  оловно-киселински акумулатори во Пробиштип, остварија средба со менаџментот и извршија увид во градежните работи на новиот производствен капацитет.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS