Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашкоска: Инспекторите утврдија високо ниво на почитување на владините одлуки, мерки и препораки, недоследностите соодветно се санкционираат

5 мај 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска, ги презентираше наодите од шест инспекциски служби во надлежност на Советот, коишто во периодот од 27 април до 3 мај реализираа 3.086 надзори, во насока на целосно почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот КОВИД-19.

English

На два дена пред истекот на рокот 12.480 компании аплицираа за мерката финансиска поддршка за исплата на платите, на компаниите до април им е вратен ДДВ во износ од 145 милиони евра, што е за 16,7% повеќе од истиот период лани

5 мај 2020


Дванаесет илјади четиристотини и осумдесет компании аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник со која се овозможува континуитетот на работните процеси, обезбедивме основа за редовна исплата на плати и придонеси, при што се  создадоа и сериозни услови да се сочуваат работните места.

English

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

4 мај 2020


Заменичката на престедателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска денес  одржа редовна координација со преставници на граѓанските организации Гласен текстилец, Хелсиншки комитет , ХЕРА, Платформата за борба против сиромаштија , Мрежата против насилство врз жените и УНДП. На состанокот преку апликацијата „ЗУМ“  се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на заштита на работничките права, инспекциските надзори, почитувањето на протоколите од страна на работниците и копаниите и можностите за користење на државна помош во случај на губење на работа. Исто така, се зборуваше и за правото на  користење на родителкото платено отсуство за работници коишто имаат деца на возраст до 10 години.

English

Царовска: Во кризата од Ковид како Влада одлучивме најпрво да го заштитиме здравјето на граѓаните, а потоа да одговориме и на другите предизвици

3 мај 2020

Заменичката на претседателот на владата за економски прашања Мила Царовска, во интервју за „Трилинг“ изјави дека Владата одговора со соодветни мерки кон граѓаните и бизнисот за справување со предизвиците од Ковид-19 согласно реалните потреби и на дневно ниво ја следи состојбата. 

English

Царовска: Поднесени 3.900 барања за користење на надоместок во случај на невработеност

3 мај 2020

Бројот на отпуштања поради кризата предизвикана од Ковид-19 до сега не е драстичен, а лицата коишто останале без работа веќе поднеле барања за користење на надоместок во случај на невработеност, или за влез во системот на социјална заштита согласно условите коишто ги исполнуваат. Ова во интервју за емисијата „Трилинг“, го изјави заменичката на претседателот на Владата за економски прашња, Мила Царовска.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS