Вицепремиерот Анѓушев: Бруто домашниот производ продолжува со раст од 3,1% во вториот квартал, невработеноста опадна на 17,5%

6 септември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, денес, на прес конференција, ги презентираше најновите податоци соопштени од Државниот завод за статистика кои се однесуваат на растот на бруто домашниот производ и на намалување на невработеноста.

English

Вицепремиерот Анѓушев и Директорот на ФИТР Деспотовски на презентација на производот на компанијата ВТ Продакшн – Поддржани 130 компании преку мерките од Планот за економски раст, досега исплатени над 8 милиони евра поддршка

5 септември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, присуствуваа на презентација на производот на компанијата ВТ Продакшн од Скопје, добитник на ко-финансиран грант од Фондот, која се оддржа на полигонот за вежби на Бригадата за против пожарна заштита на град Скопје.

English

Потпишани договори со 11 општини за реализација на капитални инфраструктурни проекти преку Програмата за рурален развој – Започнуваат со реализација проекти во вредност од 1,5 милиони евра

4 септември 2019


Градоначалници од 11 општини и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, потпишаа договори за реализација на капитални инфраструктурни проекти преку Програмата за рурален развој на свечен настан на кој присуствуваа и Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

English

Одржан конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ

3 септември 2019


Во рамките на подготовките и во очекување на датумот за преговори со Европската Унија, во Владата на Република Северна Македонија се одржа конститутивен состанок на Комитетот за преговори за пристапување на Република Северна  Македонија во Европската Унија, на кој се разгледуваа модели за вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на пристапни преговори, со цел поадекватно позиционирање на државата во клучните фази на процесот на пристапување  на земјата во Унијата. 

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS