Од 88-мата седница на Владата: Утврден Предлог-законот за опојни дроги; Започнува затворањето на дивите депонии во источниот и североисточниот регион; Се проширува опфатот за финансиска поддршка на инвестициите

19 јули 2021


Владата на Република Северна Македонија на денешната 88-ма седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во кој се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции како што се Единствената конвенција за наркотични дроги на Обединетите нации од 1961 година со Протокол за дополнување од 1972; Конвенцијата за психотропни супстанции на Обединетите нации од 1971 година и Конвенција на Обединетите нации против недозволена трговија со опојни дроги и психотропни супстанции од 1988 година.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и ДФИТР Петров во посета на Израелската агенција за иновации- Стратешко вмрежување, пристап до технолошко знаење и финансиска поддршка меѓу двете земји

13 јули 2021


Стратешко вмрежување, пристап до технолошко знаење и финансиска поддршка меѓу двете земји, беше главната тема на денешната посета на Израелската агенција за иновации, која ја остварија директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и ДФИТР Петров на средба со израелскиот министер за земјоделство и рурален развој Форер – Примената на модерни технологии носи поголема продуктивност и конкурентност

13 јули 2021


Замeникот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на  Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, во рамките на работната посета на Израел, остварија средба со министерот за земјоделство и рурален развој, Одед Форер, со кого разговараа за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на доделувањето на втората група договори од ТАВ програмата – Со 17,5 милиони евра ќе се реализираат 36 инфрасруктурни проекти во 34 општини за реални потреби на граѓаните

10 јули 2021


Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестици, Фатмир Битиќи присуствуваа на настанот на кој беа доделени втората група на договори за реализација на 36 инфраструктурни проекти во 34 општини, за исполнување на реалните потреби на граѓаните.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS