Владата и претставниците на средношколците ќе соработуваат на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на КОВИД-19

21 август 2020


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за образование, Арбер Адеми, министерот за здравство, Венко Филипче, заменик-министерката за образование, Елизабета Наумоска, примија делегација на Сојузот на средношколци предводена од претседателот на сојузот Бленди Ходаи.

English

Вицепремиерката Царовска и министерот Димковски во работна посета во Неготино – Со поддршка од ЕУ и средства од Владата се развиваат винскиот и еко туризмот и пчеларството во Тиквешијата

19 август 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини и градоначалникот на Неготино Тони Делков, реализираа посета на оваа општина, за време на која извшрија увид во активностите кои се спроведуват во рамките на потпроектот „Вински, aпи и еко туризам во Неготино и околината“, дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран со средства од Владата на Република Северна Македонија, општина Неготино и Делегацијата на Европска Унија, а кој се спроведува во соработа со канцеларијата на Светска банка.

English

Вицепремиерката Царовска, Бертолини од ДЕУ и градоначалникот Богоев во посета на „Спортско адреналинскиот парк“ во Карпош – Со инвестиција од 55 милиони денари, Скопјани добиваат нов современ парк за рекреација и спортување

18 август 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини и градоначалникот Стефан Богоев, денес извршија увид на завршните активности за реализација на потпроектот „Спортско адреналински парк“ во општина Карпош, дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран со средства од Владата на Република Северна Македонија, општина Карпош и Делегацијата на Европска Унија и во соработа со канцеларијата на Светска банка. 

English

Вицепремиерката Царовска на состанок за дуалното образование- Се разгледува можноста за продолжување на практичната обука на средношколците во фабриките под протоколи за заштита од Ковид-19

17 август 2020

Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска, и директорот на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Патрик Мартенс денес одржаа он-лајн состанок на којшто се разговараше за можностите за продолжување на практичниата настава како дел од дуалното образование во компаниите во неколку градови низ државата во услови кога земјата и светот се соочува со Ковид-19.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS