Ангеловска: Реотварањето на економијата - побрзо, приходите во јуни - подобри од очекуваното

2 јули 2020


Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на КОВИД-19 кризата. 

English

Вицепремиерката Царовска на координација со граѓанските организации, синдикатите и инспекторатите: Најважно ни е работниците и работодавачите да ги почитуваат протоколите

1 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, денес  одржа редовен координативен состанок, на којшто присуствуваше дополнителната министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, претставници од граѓанските организации „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет“, претседателот на ССМ Дарко Димовски, како и претседателката на Инспекцискиот совет и директорите на неколку инспекторати.

English

Царовска на „Zoom“, одбележување на 10 години постоење на МППС - Заеднички ги направивме социјалните реформи, продолжуваме заедно да се бориме против сиромаштијата

1 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, денес учествуваше и се обрати на „Zoom“ конференција на Македонската  платформата против сиромаштија (МППС), по повод 10 години постоење.

English

Вицепремиерката Царовска, заменикот министер Лазовски и координаторот Алаѓозоски во увид на реновирање во Драмскиот театар – Се инвестира во културата и културните работници: Платите покачени за 13,9%, изедначување на хонорарите за иста извршена работа

1 јули 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот министер за култура, Владимир Лазовски и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозоски, придружувани од директорката на театарот, Катерина Коцевска, денес извршија увид во тековните активности за реновирање во Драмскиот театар во Скопје.

English

Од 73-тата седница на Владата: Престанува да важи забраната за одржување спортски натпревари, ќе се одржуваат без публика; Донесени протоколи за работа на музеи, галерии, за работа на компании за промотивни настани

30 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 73-та седница донесе измени и дополнувања на Протоколот за редовна работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница (трета фаза), измени и дополнувања на Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување (хотели и други угостителски објекти за сместување).

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS