Од 65-тата седница на Владата: Остануваат во сила мерките со кои се ослободуваат од работните обврски родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение; Моловите ќе работат до 22:00 часот

12 јуни 2020

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 65-та седница донесе Одлука за измена и дополнување на Протоколот за редовна работа на моловите, со кои работното време на овие објекти се определува во периодот од 10:00 до 22:00 часот, со исклучок на недела кој останува неработен ден.

English

Вицепремиерката Царовска и градоначалничката Петровска во увид на реконструкција на „Офицерскиот дом“ во Битола – Градот ќе добие модерен културен дом атрактивен за домашни и странски туристи

12 јуни 2020


Заменичката на претстедателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, придружувана од градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, денес ја посети оваа општина, кадешто направија увид во текот на градежните работи на потпроектот за „Реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерното уредување“. 

English

Инспекторите од Државен пазарен инспекторат од денеска со поддршка на финансиска полиција во контрола на угостителските објекти

11 јуни 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, на денешната редовна прес-конференција информираше за инспекциските надзори направени од страна на шест инспекторати во периодот од 4-9 јуни, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.

English

Од 64-та седница на Владата: Прифатени дополнувања на Уредбата за избори со задолжение до МВР за ажурирање на избирачкиот список; Ќе се субвенционираат придонесите за вработените во медиумите

10 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 64-та седница донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, со која го задолжува Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, да ги достави до Државната изборна комисија податоците од членот 43 ставот 6 на Изборниот законик, односно листа на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или патна исправа по било кој основ и кои ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на влегувањето во сила на оваа уредба. Исто така МВР треба да достави листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите, односно дваесет и вториот ден од престанокот на траењето на вонредна состојба.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS