Бектеши: Финансиска поддршка од 20 милиони евра за компаниите од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот за нови инвестиции и освојување на нови пазари

10 јуни 2020


Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата информираше за Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД -19 периодот која на предлог на Министерството за економија вчера беше усвоена во Владата.

English

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

10 јуни 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, денес одржа редовна координација со претставници на Министерството за труд и социјална политика, претседателката на Инспекцискиот совет, директорите на пазарниот и трудовиот инспекторат, претседателот на ССМ и граѓанските организации „Гласен текстилец“, „Хелсиншки комитет за човекови права“, „ХЕРА“, „Платформа за борба против сиромаштија“ и „Мрежа против насилство врз женитe“.

English

Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани, 28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги за рестартирање на македонската економија

10 јуни 2020


Домашната платежна картичка ќе ја користат 324.479 корисници. Денеска е објавена конечната листа на веб-страната kupuvamdomasno.gov.mk, а веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците. За оваа мерка Владата ќе даде 28 милиони евра за да ги поддржи граѓаните, но и домашното производство и услуги во надминување на КОВИД-19 кризата, бидејќи со овие картички ќе можат да се купуваат само домашни производи. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција, на која беше и заменик министерката за финансии, Ширет Елези.

English

Од 63-тата седница на Владата: МВР и инспекторатите се задолжени да вршат засилени контроли во подрачјата со поголем број новозаболени од коронавирус; Донесена е Уредба за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентностa

9 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 63-та седница во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 заклучи да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во градот Скопје, потоа во околните скопски општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково, како и во општините Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово и тетовски општини Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.

English

Владата ја одржа 62-рата седница

8 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 62-ра седница го разгледа и усвои записникот од 69-тиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19, и донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS