За време на престојниот полициски час ќе важат претходно издадените дозволи за движење

4 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија ги информира компаниите и граѓаните дека за претстојниот полициски час којшто почнува вечерва во 21:00 часот продолжуваат да важат сите дозволи за движење издадени за време на претходните забрани за движење. Овие дозволи се однесуваат за економските оператори, рестораните и доставувачите на храна, и за маркетите.

English

Од вечерва во 21:00 часот стапува во сила забраната за движење за граѓаните на сите општини во градот Скопје, и околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, Kуманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница

4 јуни 2020

Одлуката за целосната забрана на движењето што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, од денеска (четврток, 4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот важи за сите граѓани кои живеат во општините во Градот Скопје, односно општините Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, како и околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани.

English

Од 60-тата седница на Владата: Усвоен Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, како и Протоколот за спроведување на проверка на способностите за спортски вештини на учениците кај кои има интерес за запишување во ДСУ Спортска Академија

4 јуни 2020

Врз основа на член 58 став 1 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 2 јуни 2020 година, донесе
 
О Д Л У К А  за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19

English

Забрана за движење за граѓаните за сите скопски општини, за општините Куманово, Липково, Штип, Карбинци Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце; Од четврток од 21:00 часот до понеделник до 05:00

3 јуни 2020


Во продолжение на 60-тата седница што се одржа денеска, Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот, донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот.

English

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ
за Проект за воспоставување на Систем за координација во планирањето, спроведувањето, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој (СиРеРа)
-ПОВТОРНА ОБЈАВА-

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS