Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка, на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници

3 јуни 2020

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат. Соодветните институции (УЈП, МОН, ФЗО) изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници, кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка.

English

Царовска на „Zoom“ состанок со инспекторатите и граѓанските организации: Инспекторите во зајакнати контроли, работниците и компаниите да ги почитуваат протоколите

3 јуни 2020


Заменичката на престедателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска денес одржа редовен состанок со преставници на граѓанските организации Гласен текстилец, Хелсиншки комитет, ФООМ и други организации, како и со Претседателката на Инспекциски совет и со директорите на трудов и пазарен инспекторат. 

English

Од 60-тата седница на Владата: Усвоен Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19

2 јуни 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

English

Директорите на инспекторатите Сотирова-Бухова, Хавзиу и Пауновски: Инспекциските служби продолжуваат со активности на терен, се следи ситуацијата во Штип и Тетово, апел до угостителите да се почитуваат протоколите

2 јуни 2020


Директорите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, Државниот инспекторат за труд, Аљајдин Хавзиу и на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, одржаа заедничка прес-конференција на која информираа за актуелни прашања поврзани со инспекциските надзори за препораките и мерките на Владата за превенција и спречување на ширење на коронавирусот КОВИД-19.

English

До 5-ти, односно до 7-ми јуни, трае аплицирањето за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 година, за субвенционирање на 50% од придонесите и за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност

2 јуни 2020

 

Од вчера, 01.06.2020 до 07.06.2020 година, работодавачите може да поднесуваат Барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 година, односно до 05.06.2020 година Барања за субвенционирање на 50% од придонеси од задолжително социјално осигурување и Барање за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS