Првиот сет економски мерки наскоро ќе биде на располагање

19 март 2020

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со целиот економски тим продолжуваат будно и посветено да ја следат состојбата во економијата во услови на ширење на КОВИД-19 и се во постојана комуникација и координација со стопанските комори, синдикатите и останатите субјекти.

English

Благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за предвременото уплаќање на дел од обврските кон државата

19 март 2020

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска јавно се заблагодарува на Комерцијална банка АД Скопје за извршената уплата на 120 милиони денари одеднаш по основ на аконтативен данок на добивка за 2020 година.

English

Првиот сет економски мерки наскоро ќе биде на располагање, апелираме компаниите да го реорганизираат работењето во 4 смени

19 март 2020

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, заедно со целиот економски тим продолжуваат будно и посветено да ја следат состојбата во економијата во услови на ширење на КОВИД-19 и се во постојана комуникација и координација со стопанските комори, синдикатите и останатите субјекти. Владата е целосно мобилизирана за справување со економските последици од кризата кои Навремено започнуваме да се организираме, подготвуваме и пред се да се обединуваме со стопанството во заедничка цел, а тоа е што поефикасн справување со негативните последици по нашата економија. Ќе биде исклучително важно, правилно да ги насочиме ресурсите кои ги имаме на располагање за поддршка на оние сектори кои се најпогодени од кризата и како што чекориме ќе продолжиме да правиме анализи и да развиваме сценарија што ќе не подготват да одговориме на предизвиците.

English

Владата и Народната банка со иницијален сет на мерки за погодените македонски компании: бескаматни кредити од 3 до 30 илјади евра, субвенционирани придонеси за вработените, намалена каматна стапка за кредити, основање на фонд за поддршка на туризмот

18 март 2020


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска, министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши и гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија Анита Ангеловска-Бежоска, денес на прес-конференција ги објавија иницијалните мерки за поддршка на бизнис секторот во насока на амортизирање на штетите предизвикани со прогласување на пандемијата на корона вирусот Covid 19.

English

Дневен извештај за извршени инспекциски надзори за спроведувањето на мерките за спречување на ширење на зараза со COVID-19

17 март 2020

Владата на Република Северна Македонија со заклучок го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Мила Царовска, редовно, на дневна основа, до 12.00 часот да го информира претседателот на Владата на Република Северна Македонија за извршените инспекциски надзори од страна на сите инспекторати.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS