Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, од заменикот на претседателот во Владата задолжен за европски прашања, како и за координација на меѓународната помош во време на здравствено-економската криза, Бујар Османи, од министерката за финансии, Нина Ангеловска, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и заменик министерката за финансии, Ширет Елези, го одржа третиот состанок со членовите на Економскиот совет, експерти, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на коморите, синдикални претставници.
Претседателката на Инспекцискиот Совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната редовна прес-конференција информираше за инспекциските надзори направени од страна на шест инспекторати во периодот од 4 до 11 мај годинава, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19.
Врз основа на член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 мај 2020 година, донесе
О Д Л У К А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на онлајн прес-конференција ги соопшти одлуките на Владата за првата фаза од попуштањето на рестриктивните мерки за спречување на КОВИД-19.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 51-ва седница го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот кој ќе се реализира во три фази.