Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од спроведените инспекциски надзори во периодот од 28 март до први април годинава.
Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита. Eдна од клучните мерки во вториот сет мерки за олеснување на последиците од кризата предизвикана од КОВИД-19 е олеснетиот пристап до парична помош на лицата и семејствата на кои таа им е најпотребна. Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ ги објаснија прилагодувањата на системот на социјална и детска заштита укажувајќи дека секој граѓанин треба да знае дека никој не е заборавен.
Владата на Република Северна Македонија објави нова централна веб-страница за сите официјални информации поврзани со справувањето со коронавирусот на којашто ќе се објавуваат мерките, препораките и вестите од институциите.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска одржа прес-конференција на која информираше за Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, за Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба, и за Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на финансиска помош за месеците април и мај 2020 година, што вчера и денеска беа усвоени на седниците на Владата.