Стартот на фабриката „Баумер“ од Швајцарија во Бунарџик е уште една успешна приказна за економските политики на Северна Македонија

31 октомври 2019


Денеска го означуваме свечено и официјално почетокот на работата на новата фабрика на „Баумер“, која на својата листа од 38 компании и подружници во 19 земји во светот, ја стави и оваа фабрика и Северна Македонија, рече Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на свеченоста по повод стартот на работата на оваа фабрика во Трговско индустриската зона 1 во Бунарџик, Скопје.

English

Одржана седница на Националниот совет за одржлив развој - Отворен првиот повик за проектни идеи за финансирање преку Зелениот климатски фонд

30 октомври 2019


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, претседаваше со седницата на Националниот совет за одржлив развој насловена како „Унапредување на климатската акција во Република Северна Македонија “, на која се разгледуваа можностите за засилена климатска акција, преку воспоставување на поцврста соработка со Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

English

Одржана седница на Националниот совет за одржлив развој - Отворен првиот повик за проектни идеи за финансирање преку Зелениот климатски фонд

30 октомври 2019


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, претседаваше со седницата на Националниот совет за одржлив развој насловена како „Унапредување на климатската акција во Република Северна Македонија “, на која се разгледуваа можностите за засилена климатска акција, преку воспоставување на поцврста соработка со Зелениот климатски фонд (ЗКФ). На седницата учествуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, постојаниот координатор на агенциите на ООН во државата, Росана Дужак, високата претставничка од регионалната канцеларија на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) Танија Сантинавез, како и повеќе од сто други претставници на релевантни државни институции, владини агенции, локалната самоуправа, граѓанското општество, приватниот сектор, научната фела и меѓународната заедница. 

English

Нова странска инвестиција во ТИРЗ Скопје – Турската компанија Пурпласт иницијално ќе инвестира до 12 милиони евра и ќе отвори нови 300 работни места

29 октомври 2019


Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и извршниот директор на турската компанија Пурпласт Мехмет Шишманоглу, денес во Владата на Република Северна Македонија, потпишаа договор за долгогодишен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2. Компанијата Пурпласт закупи 26.266 квадратни метри во зоната во Бунарџик, а фабриката која ќе започне да се гради наскоро е нивна прва надвор од Република Турција.

English

Евроатланските аспирации на Северна Македонија во фокус на дебатите во рамките на „Охридскиот дијалог“

25 октомври 2019


Стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните инапредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот продолжува и попладнево во Охрид во присуство на потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, министерот заинформатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот заекономија Крешник Бектеши, посебниот советник на премиерот Заев и Главен технички преговарач за ЕУ, Бојан Маричиќ, како и голем дел на дипломати од НАТО и ЕУ.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS