Вицепремиерот Анѓушев на Самитот за Западен Балкан во Познањ – Треба да се преземат храбри, одлучни и брзи чекори за намалување или отстранување на административните бариери за побрз економски развој на регионот

4 јули 2019


Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев, Сојузниот министер за економија и енергетика на СР Германија, Петер Алтмајер, Министерката за претриемништво и технологија на Република Полска, Јудвига Емилевич и Заменичката министерка за економија на Република Бугарија, Лилја Иванова, во рамките на Самитот за Западен Балкан, одржаа прес–конференција на која обзнанија дека наредниот Самит ќе биде во заедничка организација на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

English

Вицепремиерот Анѓушев, министерот Сугарски и директорот на Железници инфраструктура Асани ја посетија локацијата каде товарен воз излизга од шините – Владата ги презема потребните мерки за санирање на состојбите и брзо оспособување на железничкиот коридор

2 јули 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Железници инфраструктура Ирфан Асани и претставници од јавното претријатие Железници на Република Северна Македонија ја посетија локацијата во бизина на кумановско Черкези, а каде товарен воз се излизга од шините.

English

Свечено отворен „Х фактор акцелераторот“ во Велес – Владата на Република Северна Македонија и ФИТР со 450 илјади евра ќе поддржуваат стартап компании од Вардарскиот плански регион

1 јули 2019


Од компаниите е потребна инвентивност, сопствено вложување и преземање разумни ризици, а Владата е партнер и обезбедува финансиска подршка за стартап компаниите, порача Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, д-р Кочо Анѓушев на денешното свечено отворањето на „Х Фактор акцелератор“ во Велес. Пред претсставниците на управниот одбор на акцелераторот, локалната самоуправа, академската заедница и пред претставници на дваесетина стартап компании, вицепремиерот потенцираше дека највредните компании денес се оние што се најстабилни и најинвентивни.

English

Вицепремиерот Анѓушев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимоски на работилница за енергетика – Состојбите во енергетскиот сектор стабилни, реформите продолжуваат со имплементацијата

26 јуни 2019


Реформите во секторот енергетика се спроведуваат со предвидената  динамика, напредокот во оваа област е видлив, а Владата на Република Северна Македонија и Регулаторната комисија за енергетика ги завршуваат навремено сите процеси предвидени со новиот Закон за енергетика, изјавија вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и претседателот на Регулаторна комисија за енергетика м-р Марко Бислимоски, во рамките на работилница за енергетика на која беше презентиран новиот Закон, подзаконските акти кои произлегуваат од него, како и актуелните случувања во енергетскиот сектор.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS