Премиерот Заев на годишен прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство: Двесте компании со германски капитал вработуваат 20 илјади граѓани, тоа е доказ дека нашата земја има европски стандарди за бизнис

12 јуни 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на заменикот на претседателот на Владата на РСМ задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, ја започна дводневната посета на СР Германија со учество на свечениот годишен прием на Здружението за Источна Европа на германското стопанство.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерката Апостолска на средба со јапонска бизнис делегација – Република Северна Македонија би можела да биде порта за јапонските компании кон Европа

11 јуни 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, денес остварија средба со јапонска бизнис делегација предводена од г. Јошихиро Секи, државниот министер за економија, трговија и индустрија на Јапонија, пред кои ги презентираа можностите за инвестирање во нашата земја. 

English

Вицепремиерот Анѓушев заедно со министрите Тевдовски, Бектеши и Николовски на средба со Чешкиот Премиер Андреј Бабиш –Економските потенцијали на двете земји да се искористат за поинтензивна соработка

11 јуни 2019


За време на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот на Владата на Чешката Република, Н.Е. г. Андреј Бабиш, на работен појадок се сретна со економскиот тим на Владата, предводен од вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, кој беше заедно со министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, м-р Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

English

Објавен јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани во Свети Николе и Македонски Брод – Вицепремиерот Анѓушев: Едноставна процедура за аплицирање, главен критериум за добивање на локација е понискиот Премиум

10 јуни 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на презентација на јавниот повик за изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност од 35 MW, кои се планирани да се градат на државно земјиште во Азамбегово (Свети Николе) и Манастирец (Македонски Брод), настан кој се организираше во Стопанската комора на Македонија од страна на Македонската енергетска асоцијација.

English

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев: Растот од 4.1% го очекувавме, 49.552 нови вработени за две години - преку систем и стратегија имаме обврска да обезбедиме одржлив и долгорочен развој на земјата

7 јуни 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска на заедничка прес-конференција ги претставија последно објавените податоци за раст на БДП во првиот квартал од 4.1% и пад на невработеноста на 17.8%. 

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS