Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров на дискусија во организација на Албиз фондацијата – Човечкиот капитал е најзначајниот ресурс на државата, инвестираме во создавање на можности за младите луѓе во Северна Македонија

27 мај 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров, на покана на Фондацијата за развој на образованието и културата Албиз, учествуваа на панел дискусија „Механизми за поддршка на младите да го одржат сопствениот бизнис и да креираат одржливи работни места“, која се одржа во рамките на проектот „Иновации и медиски партнерства за акција, соработка и трансформација на Западниот Балкан“ (EU-IMPACT-WB), поддржан од Европската Унија.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и ЕУ амбасадорот Гир го промовираа проектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ – Со поддршка на Владата и на ЕУ, се збогатува туристичката понуда за домашните и странските туристи во тиквешкиот регион

26 мај 2021


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир денес присуствуваа на настан на кој беше промовиран потпроектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ на „Тиквеш вински туризам“, кој се реализира во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, со финансиска поддршка од Владата и Делегацијата на Европската Унија, во соработка со канцеларијата на Светска Банка.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на регионална еконoмска конференција во Косово – Да ги искористиме нашите потенцијали и да создадеме конкурентен регион, наместо конкуренција помеѓу земјите во регионот



Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес учествуваше на регионалната економска конференција „Економското влијание и последиците од кризата“, која се одржа во хотел Емералд во Приштина.

 

 

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS