Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамки на серијата посети на компании со кои Владата има склучено договори за финансиска поддршка, денес ја посети компанијата Хај Тек Корпорејшн, лоцирана во населбата Орешани во општина Зелениково.
Денес во Владата на Република Северна Македонија се одржа седница на комисијата за јавно приватен дијалог, со која претседаваше заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а на која присуствуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, како и претседателите на најголемите четири стопански комори Бранко Азески (Стопанска комора на Макеоднија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на северозападна Македонија) и Анета Антова Пешева (МАСИТ).
Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ја одржа првата работна средба со новоименуваниот в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (АСИПИ), Дејан Павлески, со кого разговараше за политиките и плановите на Владата за привлекување на нови инвестиции и поддршката на компаниите за технолошко-технички развој со крајна цел создавање на поконкурентна економија.
Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, се дополнети и ажурирани со последните усвоени измени и дополнувања со кои се регулираат повеќе области.
Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Ласло Дукс, со кого разговараа за актуелните состојби поврзани со мерките за поддршка на економијата во услови на пандемијата со коронавирусот, економската соработка помеѓу двете земји и поддршката од Унгарија во процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија.