Објавена листата со контакти од општинските кризни штабови

14 април 2020

Ве известуваме дека на веб страната koronavirus.gov.mk е објавена листата со контакти на општинските кризни штабови.

Листата можете да ја најдете на следниов линк, односно прикачена во прилог.

English

Од 40-тата седница на Владата: Забрана за движење на сите граѓани од 16:00 часот во петок до 05:00 часот во вторник; Мерката строга изолација за македонските државјаните кои се враќаат од земјите со највисок ризик се продолжува и ќе изнесува 21 ден

13 април 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница го разгледа и усвои предлогот за продолжување на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, односно забраната за движење ќе започне од 17 април 2020 година (петок) од 16:00 часот и ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

English

1.579 јавувања за една недела во контакт центарот за економските мерки - Најчесто се поставуваат прашања за финасиската поддршка за компаниите, невработеност, кредитирање и дозволите за движење во полициски час

13 април 2020


На телефонскиот број 02/324-8040,  којшто од минатиот понеделник функционира како контакт (телефонски) центар на Владата на Република Северна Македонија и кој е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските мерки на Владата, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, во периодот од една недела, односно од 6-ти до 11-ти април регистрирани се вкупно 1.579 јавувања. Контакт центарот е обезбеден од МАСИТ како донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија.

English

Филиповска-Грашкоска: Инспекторите на терен, строго го контролираат почитувањето на владините препораки и мерки

10 април 2020


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска,  денеска на редовна прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од спроведените инспекциски надзори во периодот од шести до осми април годинава.  Таа истакна дека за период од овие три дена од страна на шест инспекторати се направени вкупно 1.346 надзори, со што преку засилени контроли се воспоставува целосно почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од ширење на коронавирусот.

English

Од 39-тата седница на Владата: Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од Буџетот за имплементација на економските мерки донесени за справување со кризата;

9 април 2020


Владата на Република Северна Македонија на денешната 39-та седница ја донесе Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите, согласно која во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во посебниот дел во првата потколона од колоната Расходи на Основен буџет, се врши прераспределба на средства во износ од 6.542.000.000 денари.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS