Заев: Сите крупни политички одлуки што ги направивме беа заради економскиот развој, за поддршка на инвестициите, за нови работни места, за повисоки плати

23 октомври 2019


Од денеска започнува финалната фаза од градбата на фабриката на германската компанија „Гересхajмер“ која ќе има 12.500 квадратни метри, во која првите производи наменети за фармацевтската и медицинската индустрија ќе започнат да се произведуваат на почетокот на втората половина од 2020 година и во која ќе бидат отворени 400 работни места.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши: Со новиот Закон за енергетика овозможивме изградба на фотоволтаици на принцип на Премиум тарифи, вкупно 126 понуди за изградба на електрани со инсталирана моќност од 62 мегавати на државно и приватно земјиште

16 октомври 2019


Во потполно јавна и транспарентна постапка, денес, во Клубот на органите на државната управа, беше извршено отворање на доставени понуди за изградба на фотоволтаични централи на приватно земјиште, по претходно објавениот јавен повик на Министерството за економија. За вкупно понудени 27 мегавати инсталирана моќност, пристигнати се вкупно 44 понуди, од кои за фотоволтаици со инсталирана моќност од 0 до 200 КВ има 11 понуди; од 201-500 КВ, вкупно 10 понуди; од 501КВ до 1000 МВ има 19 понуди, а од од 1МВ до 3 МВ пристигнати се 4 понуди. Кога ќе се земат во предвид и доставените понуди за изградба на фотоволтаици на државно земјиште, за вкупно 62 МВ инсталирана моќност пристигнати се вкупно 126 понуди од заинтересирани инвеститори.

English

Покачувањето на минималната плата на 14.500 денари ги враќа парите кај граѓаните и ја заштитува најранливата категорија граѓани

15 октомври 2019


Во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа состанок, на кој  премиерот Зоран Заев, заменик на претседателот во Владата задолжен за економските прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со претставниците на Синдикатите, Организацијата на работодавачите и Стопанските комори договорија новата минимална плата во нашата земја да изнесува 14.500 денари.

English

Вицепремиерот Анѓушев во посета на РЕК Битола – Извршени низа на реформи во енергетскиот сектор, заштедите на ЕСМ ги насочуваме во обновливи извори

14 октомври 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заменикот министер за животна средина и просторно планирање м-р Јани Макрадули, директорот на ЕСМ м-р Васко Ковачевски и градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска, го посетија најголемиот енергетски капацитет во Северна Македонија, РЕК Битола, каде остварија средба со менаџментот на енергетскиот капацитет, при што разговараа за актуелните состојби во комбинатот, како и за ново најавената мерка за замена на грејни тела со инвертор клими, која ќе се реализира со финансиски средства од заштедите на ЕСМ.

English

Премиерот Заев со вицепремиерот Анѓушев до почесните конзули на Конференцијата во МНР: Ова е неповторливо време, следна членка на НАТО сме, очекуваме позитивна одлука од ЕУ, тоа се можности за уште поголем економски развој и бенефити за граѓаните

14 октомври 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска присуствуваше на Конференција на почесни конзули на Република Северна Македонија, што се одржа во МНР, а на којашто присуствуваа почесни конзули од повеќе континенти и држави, од САД, Австралија, Индија, Индонезија, Германија, Италија, Холандија, Унгарија, Романија, Турција, Казахстан, Словенија, Хрватска, Јордан, Сирија... 

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS