Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање ја отвори Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД-19“ во рамки на Економскиот и финансиски форум.
Денеска заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, во Крива Паланка го пуштија во употреба новиот градски плоштад и градски парк.
Се работи за целосна реконструкција на плоштадот, практично нов плоштад, со зачувување на автентичните обележја. Изградбата опфаќаше партерно уредување, асфалтирање, поплочување со бекатон, изградба на мал амфитеатар, целосна замена на комуналната инфраструктура, користење на старата коцка и зачувување на градската фонтана.
Реновираниот центар Бит-пазар прераснува во најголемиот пазар во државата, место каде може да се најде „сé на едно место“, беше истакнато на денешниот настан по повод отворањето на новата инвестиција во износ од 250 милиони денари на Скопски пазар АД – Скопје.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и на Општина Карпош, Стефан Богоев извршија увид и присуствуваа на отворањето на нов модерен спортско-адреналински парк на кејот на Вардар во населбата Карпош 4.
Убаво е чувството да се одбележи еден ваков јубилеј на 30 години независност затоа што денес славиме 30 години јубилеј од независноста но истовремено и својата економска независност. Како заменик претседател на Владата ќе се осврнам на економската независност.
Денес навистина е гордост да зборуваме дека имаме сопствена монетарна фискална политика, воспоставени институции, закони кои се менуваа, подобруваа, беа влошени некогаш, но секогаш се подобруваа се со цел воспоставување на современ и модерен економски систем. Денес после 30 години зборуваме дека носиме економски политики и навистина носиме економски политики кои ги носиме директно и се насочени кон најдобрите услови за нашите граѓани. Посветени сме на креирање на регионална конкурентност наспроти регионалната конкуренција, една од земјите која промовира регионална конкурентност со поддршка на „Отворен Балкан“.