Владина делегација и словенечкиот премиер Шарец во Давос: Земјите од регионот влегуваат во ера на траен мир и поврзување за економски напредок

25 јануари 2019

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како дел од својата агенда за време на учеството на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, денеска оствари средба со Претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец.

English

Владина делегација на средби во Давос: Ги мотивираме компаниите да инвестираат, ги отвораме економските врати за нашата земја

24 јануари 2019

Денес, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и од министерот за економија, Крешник Бектеши, учествуваше на панел дискусии и оствари бројни средби во рамките на работната политичка и економска агенда, за време на неговото учество на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

English

Владина делегација на средба со Хан и Столтенберг во Давос: Поддршка за интеграциите кои земјата ја носат напред

24 јануари 2019

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и од министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на агендата за време на неговото учество на владината делегација на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, денеска оствари средби со комесарот за проширување на ЕУ и за соседска политика во Европската Комисија Јоханес Хан, и со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

English

Република Македонија се гради и поврзува со квалитетна, безбедна и сигурна патна инфраструктура – граѓаните ќе патуваат полесно и побезбедно до саканите дестинации

22 јануари 2019

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа заедничка прес-конференција на којашто Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов ги презентираа плановите за изградба на модерна патна инфраструктура за 2019 низ целата територија на Република Македонија.

English

Средба Aнѓушев-Брегу: со посилна регионална соработка стануваме поатрактивни за ЕУ

21 јануари 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, се сретна со ново избраниот генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council), г-ѓа Мајлинда Брегу, поранешна пратеничка во албанскиот парламент, министер и портпарол во Владата на Република Албанија.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS