Вицепремиерот Битиќи и генералниот менаџер на Вик Шоеб го потпишаа договорот за реализација на втората инвестиција на компанијата Вик – Планирани вложувања од 2,5 милиони евра и вработување на 100 лица

23 септември 2020


Германската компанија Вик, која од 2018 година со успех работи во технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп, денес потпиша договор за државна помош, со кој се предвидува нова, втора инвестиција на оваа компанија од 2,5 милиони евра и вработување на дополнителни 100 лица. Договорот за државна помош во име на Владата го потпиша вицепремиерот задолжен за економски  прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, додека во име на групацијата Вик го потпиша генералниот менаџер на фабриката во Северна Македонија, Вернер Шоеб.

Undefined

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап компании

23 септември 2020


Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, ги презентираа 84 старт-ап компании, што ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР на јавниот повик „Стартапувај 2“.

Undefined

Од 5-тата седница на Владата: Утврдени мерките за откупот на грозјето; На 884 студенти и 347 ученици ќе им се исплаќа месечна сума за покривање на трошоците за приватно сместување или за трошоците за превоз, кои заради протоколите нема да можат да го кори

22 септември 2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната 5-та седница ја разгледа и усвои „Информација за состојба на откупот на грозје од реколта 2020 година со предлог мерки“, со која го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции да подготви мерка од Програмата за поддршка од КОВИД-19 во висина од 4 денари по килограм за откупено и предадено винско грозје во винарски визби кои се запишани во регистарот на производители на вино што го води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Поддршката ќе биде наменета за откупено винско грозје до 18 шеќерни единици со минимална цена од 7 денари по килограм.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорката на Црна Гора Петровиќ – Земјите во регионот делат исти предизвици, заеднички да работиме на нивно надминување и подигнување на конкурентноста на регионот

22 септември 2020


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски  прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се сретна со амбасадорката на Црна Гора во нашата земја, Н.Е. г-а Марија Петровиќ, со која разговараа за заедничките предизвици на земјите од регионот на Западен Балкан, евро интеграциите и унапредувањето на економската соработка помеѓу двете земји.

Undefined

Средба на вицепремиерот Битиќи со генералната секретарка на СРС Брегу – Да се искористи моментумот за унапредување на регионалната економска соработка

21 септември 2020


Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со генералната секретарка на Советот за регионална соработка - СРС (Regional Cooperation Council-RCC), Мајлинда Брегу, со која разговараа за унапредувањето на економската соработка на земјите од Западен Балкан.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS